Пакет за разговори или интернет може да се активира:
со повик кон говорниот автомат на бројот 1414;
со повик кон 0771234 и избор на опцијата 0; или
преку апликацијата „Мојот А1“ (мобилна верзија или веб-верзија) во делот „Пакети или Дополнителни пакети и услуги“.
Доколку на сметката имате доволно кредит за повторна активација на пакетот, тој автоматски се продолжува во зависност од неговата валидност (1 ден, 7 дена или 30 дена), доколку пакетот претходно не сте го деактивирале.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
За да добивате известување за износот на сметката по секој реализиран повик, внесете го следниов код на Вашиот телефон *102# и притиснете ја слушалката за повик.
Деактивација на истата услуга се прави со следниот код #102#.