Контакт форма
Ви благодариме. Вашето барање беше успешно испратено.
Корисничка поддршка
Најпопуларни прашања
Нова А1 Припејд СИМ-картичка можете да купите во сите А1 продажни салони или во помали маркети обележани со логото на А1, бензиски пумпи, трафики.
Како нов А1 Припејд корисник, дополнително добивате и:
- 22GB интернет (20GB национален интернет и 2GB интернет во Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина) во првата недела од активацијата;
- неограничени разговори во мрежата на А1 во првата недела од активацијата; и
- 49 денари кредит.
Вклучениот кредит на A1 Припејд SIM-картичките можете да го користите за што сакате.
По истекот на периодот, наведените пакети автоматски ќе се обноват, и тоа месечниот пакет со 22GB интернет за 399 ден. и неделниот пакет со неограничени разговори во А1 за 79 ден.
Припејд регистрација може да се направи преку веб-страницата на A1 преку следниов линк: www.a1.mk/pripejd/registracija
Освен на овој начин, регистрацијата може да се направи и на следниве начини:
- во кое било продажно место на А1 Македонија ДООЕЛ Скопје означено со брендот на А1;
- преку одговори на примените SMS-пораки од бројот 140 150; или
- со праќање SMS-порака со содржина REG на 140 150.
Регистрацијата на припејд број за странски државјани се реализира исклучиво во продажните места на А1 Македонија со приложување валиден документ за лична идентификација (пасош).
Иницијалната валидност за нова припејд SIM-картичка е 365 дена + 90 дена грејс-период (грејс-период е статус што го добива картичката доколку не е надополнет кредит пред да истече валидноста на картичката).
Со секое следно надополнување на кредит на Вашата припејд сметка се продолжува нејзината валидност, и тоа:
- со дополнување од 100 денари валидноста се продолжува за 90 дена;
- со дополнување од 101 - 499 денари валидноста се продолжува за 180 дена; и
- со дополнување од 500 или повеќе денари валидноста се продолжува за 365 дена.
Грејс-период е статус што го добива картичката доколку не е надополнет кредит пред да истече валидноста на картичката. Кога бројот се наоѓа во грејс-период, корисникот нема можност да прима дојдовни повици, да прави појдовни повици и го губи преостанатиот кредит доколку го има. За повторно да се активираат повиците во двата правци, потребно е да дополните минимум 100 денари кредит.
Состојбата на Вашата припејд сметка може да се провери:
- преку „Мојот A1“ каде што состојбата на Вашата припејд сметка е прикажана на почетната страница;
- со внесување на кодот *101# и притискање на слушалката за повик; или
- со повик кон бројот 1770, изберете 1, по што ќе слушнете известување за моменталната состојба на сметката и за нејзината важност.
Надополнување на припејд сметката онлајн може да се направи на повеќе начини:
- преку нашата веб-страница на следниов линк: www.a1.mk/nadopolni-kredit, постапката е едноставна, само следете ги чекорите низ процесот; или
- преку услугата „Мојот А1“ (мобилна апликација или веб-портал) - во самото мени ја има услугата „префрли кредит“ каде што ќе треба да ги внесете потребните информации во полињата и да притиснете „испрати“. Можете да направите надополнување од 100 денари па сè до 1.000 денари користејќи платежни картички Master, Maestro и Visa.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Да може, преку A1 e-ваучер во нашите продажни салони, во партнерски места на А1 и трафики - едноставно одберете кој било износ помеѓу 100 и 1.000 денари и посетете едно од продажните места што овозможуваат надополнување со A1 е-ваучер.
Надополнување на припејд сметката може да се направи и на следниве начини:
- со A1 хартиен ваучер - ваучерите се достапни во различни вредности од 100, 200, 300, 500 и од 1.000 денари. Ваучерот можете да го внесете со повик на бројот 1770 каде што одбирате 2 за надополнување, а потоа го внесувате кодот со 14 цифри од ваучерот. Потврдувате со притискање на „#“; или преку USSD-кодот -> *100# кодот на ваучер и притисни „#“ па слушалката за повик (Пример: *100#12345678912345#); или
- преку банкоматите на Тутунска банка и на Стопанска банка - сè што треба да направите е да поседувате картичка од која било банка, да ги следите лесните чекори за надополнување на сметката што се наведени и да ја надополните Вашата A1 припејд сметка со износ помеѓу 100 и 1.000 денари.
Да, може преку услугата „кредит трансфер“ со праќање бесплатна СМС-порака од А1 постпејд број на бројот 1443 со содржина „DOPOLNI“ каде што го додавате бројот на А1 припејд корисникот (07Х ХХХ ХХХ) и износот на кредитот ХХХ што сакате да го префрлите (минимум 100 денари и максимум 300 денари за едно надополнување).
(На пример: за префрлени 300 денари на бројот 077123456,СМС-пораката треба да изгледа вака: „DOPOLNI 077123456 300“).
Услугата се наплатува 9,9 ден. во следната фактура кај постпејд бројот.
Кога бројот на хартиениот ваучер е оштетен, потребно е да го приложите во најблиското продажно место на А1 или да доставите слика од оштетениот ваучер по имејл на kontakt@A1.mk.

