За да можете да користите мобилен интернет, потребно е да се направат приспособувања на Вашиот мобилен уред што зависат од оперативниот систем.
Доколку користите Android оперативен систем, можете да дојдете до соодветните приспособувања со праќање SMS-порака, со текст „Sett“ на бројот 1445, или, пак, рачно на следниов начин:
Одберете Settings - Connections - Mobile Networks - Access Point Names.
Притиснете на Add во горниот десен агол.
Во полињата Name, APN, Username и Password се впишува internet.
Другите полиња не е потребно да ги нагодувате, односно потребно е да останат празни.
Во горниот десен агол, притиснете ги трите точки и одберете ја опцијата „Save“, со што нагодувањата ќе бидат зачувани и ќе бидете вратени во полето APNs.
Доколку користите iOS оперативен систем, рачните нагодувања се следни:
Одберете Settings - Mobile Data - Mobile Data Network - Access Point Names.
Во полињата APN, Username и Password се впишува internet.
Нагодувањата ќе бидат зачувани откако горе лево ќе се вратите во Mobile Data.
Доколку сакате да користите и опција Hotspot, во тој случај пополнете ги и полињата во субменито „Personal Hotspot“.
Пристапете во опциите на пораки и направете проверка на MESSAGE CENTER NUMBER, потребно е да биде внесен бројот +38977000301.
Доколку користите оперативен систем Android и доколку веќе е запишан горенаведениот број, потребно е да го избришете и повторно да го напишете истиот број, а потоа да направите повик кон кодот #35*0000*16# и да го рестартирате мобилниот телефон.
Доколку сте корисник на оперативен систем iOS, Ве молиме направете повик кон кодот *#5005*7672#0038977000301# и рестартирајте го мобилниот телефон.
И по направените проверки ако сè уште не добивате/не можете да пратите СМС-пораки, Ве молиме известете нè на нашата имејл адреса: kontakt@a1.mk