Ви благодариме. Вашето барање беше успешно испратено.
Сметките на А1 Македонија се издаваат во неколку пресметковни периоди што се доделуваат со самото склучување на договорот и пресметковниот период нема можност да се промени.
Сметките од А1 имате можност да ги добивате во електронска форма преку имејл, преку СМС или во хартиена форма преку пошта. Сметките пратени по пат на имејл или СМС се нajбрзиот начин да ја добиете Вашата сметка веднаш по завршувањето на пресметковниот период.
Информациите за рокот за плаќање, бројот на сметка или претплатничкиот број можете да ги најдете во горниот десен агол на сметката во делот „Податоци за Вашата сметка“.
Пресметковниот период го означува периодот од месецот за кој се издава сметката. Информацијата за пресметковниот период можете да ја најдете во горниот десен агол на сметката во делот „Податоци за Вашата сметка“.
Сметката е потребно да ја платите до рокот на плаќање што е наведен во неа.
Рокот на плаќање можете да го проверите на веб или на мобилната верзија на „Мојот А1“.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Не, износот на сметката е исклучиво пресметан во денарска противвредност.
Не, сметката за Вашите услуги во А1 Македонија се испраќа исклучиво на македонски јазик.
Да, сметката можете да ја добивате на друга адреса.
Доколку сакате да ја промените адресата, потребно е да го посетите најблиското продажно место на А1 со валиден документ за лична идентификација.
Пресметката во оваа ситуација ќе биде во согласност со пресметковниот период што Ви е доделен.
Доколку пресметковниот период Ви е до 30/31-ви во месецот, тогаш пресметката ќе биде пресметана од 15-ти до 30/31-ви за тој месец.
Платете ја Вашата сметка без најава на Мојот А1, само внесете го бројот на фактурата што сакате да ја платите.
Внесете ја сумата која што сакате да ја надополните. Ве молиме, внесувајте сума помеѓу 100 и 1000 денари.