Е-сметка е начин да ја добивате Вашата месечна сметка исклучиво по електронски пат. Со активација на услугата доколку претходно сте добивале печатена сметка на Вашата домашна адреса, тоа се менува и во иднина ја добивате сметката на Вашата имејл адреса.
Најголема придобивка со активација на е-сметка е што се намалува потрошувачката на хартија, а со самото тоа заедно се грижиме за природата.
Со активација на е-сметка ќе имате пристап до информациите за Вашата месечна сметка во секое време. Сметката не можете да ја изгубите, а и доставата не може да доцни.
Доколку имате активна електронска сметка и не Ви е доставена во Inbox на Вашиот имејл, направете проверка во фолдерите „Junk, Spam или Other“ и пристигнатата порака од испраќачот „A1-noreply@A1.mk“ означете ја дека не е Spam, како би ги добивале во иднина во полето „Inbox“.