Контакт форма
Ви благодариме. Вашето барање беше успешно испратено.
Корисничка поддршка
Најпопуларни прашања
Погледнете го видео туторијалот, кој ќе Ви помогне како онлајн да ја платите Вашата сметка – чекор по чекор:
Сметката можете да ја платите на шалтерите во продажните места на А1, со еднократен надоместок во износ од 19 денари (со ДДВ) за секоја трансакција. Надоместокот ќе биде наплатен во следната месечна сметка.
Вашата А1 сметка можете да ја платите без надоместок за плаќање, брзо и едноставно, преку:
- нашата веб-страница на следниот линк: https://www.A1.mk/plati-smetka;
- мобилната апликација „Мојот A1“, во делот „Сметки“;
- со најава на веб-порталот „Мојот А1“, во делот „Сметки“; или
- во продажните салони на А1, преку терминалите за самонаплата.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Освен онлајн и во продажните места на А1, Вашата сметка можете да ја платите и во:
- пошта со приложување на Вашата А1 сметка или вирмански (со уплатница);
- банка: електронски, шалтерски или вирмански;
- преку банкомат на Стопанска банка или на НЛБ банка.
Доколку плаќате вирмански, преку пошта/банка, потребно е на уплатницата да ги внесете следните податоци:
- во полето „Трансакциска сметка на налогопримач“, внесете една од трансакциските сметки на А1 (кои се наведени и во Вашата електронска и во хартиената сметка)
- во полето „Повикување на број“ задолжително внесете го 12-цифрениот број од Вашата A1 сметка што ја плаќате, без дополнителен текст.
Уплатата на Вашата сметка може да ја реализирате на некоја од следните трансакциски сметки:
- НЛБ банка: 210-0706831002-12;
- Стопанска банка: 200-0029212758-54;
- Комерцијална банка: 300-0000038962-35; или
- Халкбанк: 270-0706831001-22.
Притоа, имајте предвид дека кога плаќате на овој начин (електронски, шалтерски или вирмански), уплатата се процесира следниот работен ден.
Да, електронско плаќање може да реализирате и со платежна картичка на некоја од македонските комерцијални банки или со странски картички издадени од 45 земји.
Валидни платежни картички се: Master card, Maestro, Visa.
Услов за плаќање е картичката да има троцифрен сигурносен код (CVV2/CVC2).
Онлајн уплата на сметката со картичка Diners, или пак, American Express не е можно.
Во прилог листа на земји издавачи на Visa и Master картички, со кои можете да платите онлајн сметка издадена од А1 Македонија:
|
ALBANIA |
HUNGARY |
POLAND |
|
|
ANDORRA |
ICELAND |
PORTUGAL |
|
|
AUSTRIA |
IRELAND |
ROMANIA |
|
|
BELARUS |
ITALY |
SAN MARINO |
|
|
BELGIUM |
LATVIA |
SERBIA |
|
|
BOSNIA AND HERZEGOVINA |
LIECHTENSTEIN |
SLOVAKIA |
|
|
BULGARIA |
LITHUANIA |
SLOVENIA |
|
|
CROATIA |
LUXEMBOURG |
SPAIN |
|
|
CZECH REPUBLIC |
MACEDONIA |
SWAZILAND |
|
|
DENMARK |
MALTA |
SWEDEN |
|
|
ESTONIA |
MOLDOVA REPUBLIC OF |
SWITZERLAND |
|
|
FINLAND |
MONACO |
TURKEY |
|
|
FRANCE |
MONTENEGRO |
UKRAINE |
|
|
GERMANY |
NETHERLANDS |
UNITED KINGDOM |
|
|
GREECE |
NORWAY |
UNITED STATES |
|
Одложување на плаќањето на доспеаните фактури може да направите на некој од следниве начини:
- со праќање SMS со клучен збор ODLOZI на 1233;
- преку говорен автомат – со повик на 1234 опција 2 (Информации за сметка), потоа 3 (Одложување на плаќање); или
- преку мобилната апликација „Мојот A1“.
Одложувањето на датумот за наплата на доспеана фактура е овозможено за 5 календарски дена и функционалноста се наплатува 99 денари (со ДДВ), еднократно.
Бројот на сметката е 12-цифрен број што Ви е потребен доколку плаќате сметка преку нашата веб-страница или доколку плаќате преку банка или пошта и можете да го најдете:
- во имејл пораката пратена од А1 (доколку сте регистрирани за добивање електронски сметки);
- на Вашата А1 сметка (електронска и печатена во горниот десен агол на сметката во делот „Податоци за Вашата сметка“);
- на мобилната апликација „Mојот А1“ во делот „Сметки“ (од делот „Листа на сметки“ потребно е да кликнете на сметката за соодветен месец, со што би биле префрлени во делот „Информации за сметка“);
- на веб порталот „Мојот А1“ во делот „Сметки“ (во колоната со назив „Број на сметка“); или
- со праќање бесплатна SMS-порака со каква било содржина од Вашиот телефонски број на бројот 14500, при што ќе добиете повратна порака со информации за бројот на сметка (оваа услуга важи само за физички лица корисници на мобилни линии).
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Платете ја Вашата сметка преку нашата веб-страница, преку апликацијата „Мојот А1“ или во најблиското продажно место на А1, по регистрација на уплатата, услугите веднаш ќе Ви бидат активирани.
Не, но A1 Гуру Славчо Ви овозможува помош при плаќање на Вашите месечни сметки, брзо, безбедно и едноставно.

