Сметките на А1 Македонија се издаваат во неколку пресметковни периоди што се доделуваат со самото склучување на договорот и пресметковниот период нема можност да се промени.
Сметките од А1 имате можност да ги добивате во електронска форма преку имејл, преку SMS или во хартиена форма преку пошта. Сметките пратени по пат на имејл или SMS се нajбрзиот начин да ја добиете Вашата сметка веднаш по завршувањето на пресметковниот период.
Информациите за рокот за плаќање, бројот на сметка или претплатничкиот број можете да ги најдете во горниот десен агол на сметката во делот „Податоци за Вашата сметка“.
Сметката е потребно да ја платите до рокот на плаќање што е наведен во неа.
Рокот на плаќање можете да го проверите на веб или на мобилната верзија на „Мојот А1“.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од: