Корисничка поддршка

Како да користам интернет во странство?

За да можете да користете мобилен интернет во странство, пред сè потребно е да се приспособи Вашиот уред.

Доколку имате телефон со Андроид оперативен систем, потребно е да ги направите следните подесувања:

  • пристапете во Settings – More – Mobile Networks – Access Point Names
  • притиснете на симболот „+“ во горниот десен агол
  • притиснете на „Name“ и впишете „A1 Makedonija“
  • во полето APN внесете internet

Другите полиња не е потребно да ги подесувате, т.е. треба да останат празни.

Во горниот десен агол притиснете ги трите точки и одберете ја опцијата „Save“, со што системот ќе ги сними подесувањата и ќе Ве врати во полето „APNs“

 

Доколку Вашиот уред е iPhone (iOS оперативен систем), тогаш подесувањата се следни:

  • притиснете „Settings“, „Cellular“
  • потоа, притиснете „Cellular Data Network“ и ќе излезе листа што треба да ја пополните.
  • во горниот дел на менито, во субменито „Cellular Data“ во полето „APN“ внесете internet
  • проверете во телефонот дали опцијата „Data Roaming“ е вклучена (enabled).

Направете дополнителна проверка преку апликацијата „Мојот А1“ дали на Вашиот број имате поставено забрана за роаминг или забрана за интернет во роаминг.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања