Корисничка поддршка

Како да активирам пакет со повеќе услуги (мобилни/фиксни)?

Доколку сакате да активирате пакет којшто вклучува фиксни услуги можете да аплицирате за активација на пакет-услуги во најблискиот А1 продажен салон или пак да аплицирате онлајн преку нашиот E-shop на следниот линк: www.a1.mk/e-shop или јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 78 787.

По вашето аплицирање ќе биде направена проверка за техничката можност за инсталација на пакетот со услуги на бараната адреса. Активацијата ќе биде реализирана само доколку се утврди дека на бараната адреса има техничка можност за инсталација на опремата.

Доколку постои техничка можност ќе биде склучен Претплатнички договор со кој се активираат мобилните линии со уреди што следуваат за избраниот тарифен модел (доколку пакетот го активирате/нарачувате во продажен салон).
Доколку го нарачувате пакетот онлајн или со јавување на бројот 0800 78 787 - ќе бидете контактирани од нашите агенти со известување за натамошните чекори во рок од 24 часа од нарачката.

Фиксните услуги ќе бидат активирани откако ќе се утврди постоењето на техничката можност за користење на услугите на наведената адреса.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања