Контакт форма
Ви благодариме. Вашето барање беше успешно испратено.
Корисничка поддршка
Најпопуларни прашања
Онлајн нарачка на уред, можете да направите преку следниве чекори:
- Во делот „Уреди“ од главното мени, се прикажани сите уреди што можете да ги купите преку А1 Македонија.
- Одбирате некоја од опциите понудени под Тип уред (на пр. телефони), при што се отвора каталог со сите достапни уреди.
- Го одбирате уредот што сакате да го купите и проверувате дали е достапен онлајн.
- Од десната страна преку копчето „Промени тарифа“ ја одбирате саканата тарифа или доколку сакате, можете да ја одберете опцијата „Само уред“.
- Во случај кога уредот е достапен онлајн, во десниот дел се појавува копчето „Нарачај“.
- По клик на „Нарачај“, доколку имате избрано тарифа, влегувате во чекорите за онлајн нарачка, каде што можете да одберете дали сакате да направите нов договор, да обновите постоен договор, да направите промена од А1 Припејд на А1 Постпејд или, пак, да направите префрлување на број од друг оператор во А1.
- Доколку имате одбрано само уред, ќе бидете однесени на чекор каде што треба да пополните форма со Вашите лични податоци.
- Доколку има сума за наплата, по успешно внесување на податоците, ќе бидете пренасочени кон сервисот за наплата.
Во рок од 24 часа ќе Ве контактира наш продажен агент за утврдување детали околу нарачката.
Сите уреди, вклучително и оние што се дел од онлајн акција, односно имаат онлајн попуст или подарок, се дел од каталогот на уреди во А1 E-Shop.
Уредите со онлајн попуст секогаш се видливо означени, а можете да ги најдете и доколку кликнете на копчето „онлајн попуст“ што се наоѓа над уредите, од левата страна.
Доколку телефонот што сакате да го купите не е достапен онлајн, изберете го копчето „Информирај ме“ каде што може да оставите Ваши податоци за контакт. Штом уредот ќе биде повторно достапен онлајн, ќе Ве контактира агент на A1.
Право за купување производи и услуги преку веб-страницата A1.mk има секое деловно способно физичко лице, државјанин на Република Северна Македонија, со постојано живеалиште на територијата на Република Северна Македонија, како и овластените лица за застапување на правните лица со регистрирано седиште на територијата на Република Северна Македонија.
Да, за сите уреди што се достапни за купување преку онлајн продавницата, има можност да се плаќаат на рати преку месечната сметка.
По успешно комплетирање на Вашата онлајн нарачка, ќе се прикаже екран со информација за потврда. Истовремено, добивате потврда за нарачката на Вашата имејл-адреса.
Потврдата ги вклучува сите информации за избраниот уред и цената, податоците за контакт, како и податоците за испорака, вклучително и единствениот идентификациски број на Вашата нарачка.
Купувачите во онлајн продавницата на А1 имаат ексклузивни привилегии да купуваат селектирани уреди по промотивни цени што важат само доколку процесот на нарачка се изврши преку веб-страницата на А1 Македонија и не се достапни преку другите продажни канали.
Временските рамки за достава на нарачката варираат од тоа каква услуга е нарачана преку веб-страницата на А1.
За мобилни договори и уреди, доставувачот најдоцна во рок од 2 работни дена од денот на извршеното плаќање, ќе контактира со купувачот за утврдување на точниот датум и време на достава на пратката што нема да биде подолго од 72 часа од моментот на контактирање со купувачот.
Во случај да имате направено онлајн нарачка, но никој од нашите агенти сè уште не Ве контактирал, Ве молиме да се јавите во нашиот А1 Контакт центар на 077 1234, со цел да биде проверен статусот на нарачката.
Можни се следните причини:
- Временската рамка што ние ја гарантираме за контакт сè уште не е помината;
- Неточни внесени податоци за корисник – по што нарачката била отфрлена како нeвалидна; или
- Друга техничка причина поради што статусот на нарачката не е променет (причината ќе Ви биде позната по пријавувањето на проблемот кај нашите агенти во А1 Контакт центарот).
Доколку сте постоен корисник на А1 услуги и имате потреба од нов уред, тоа можете да го направите во кое било време без разлика до кога е Вашата договорна обврска и ова се однесува за одреден тип уреди.
Дополнително, опцијата за нов уред при обнова на постоен или склучување нов договор на 24 месеци продолжува да важи.
Имате можност да купите уред на рати, на два начина:
- Со склучување нов или со обнова на А1 договор и со користење А1 буџет во согласност со тарифата што ќе ја изберете, или
- Нови уреди на рати, достапни за сите постојни А1 постпејд корисници, без потпишување нов или обнова на А1 договор. Можноста за купување уред на рати е достапна во кој било момент од времетраењето на договорот, дури и доколку делумно или целосно го имате искористено А1 буџетот.
Детални информации за купување уреди на рати во А1, може да најдете тука.

