Контакт форма
Ви благодариме. Вашето барање беше успешно испратено.
Корисничка поддршка
Најпопуларни прашања
Сметките на А1 Македонија се издаваат во неколку пресметковни периоди што се доделуваат со самото склучување на договорот и пресметковниот период нема можност да се промени.
Сметките од А1 имате можност да ги добивате во електронска форма преку имејл, преку СМС или во хартиена форма преку пошта. Сметките пратени по пат на имејл или СМС се нajбрзиот начин да ја добиете Вашата сметка веднаш по завршувањето на пресметковниот период.
Информациите за рокот за плаќање, бројот на сметка или претплатничкиот број можете да ги најдете во горниот десен агол на сметката во делот „Податоци за Вашата сметка“.
Пресметковниот период го означува периодот од месецот за кој се издава сметката.
Информацијата за пресметковниот период можете да ја најдете во горниот десен агол на сметката во делот „Податоци за Вашата сметка“.
Сметката е потребно да ја платите до рокот на плаќање што е наведен во неа.
Рокот на плаќање можете да го проверите на веб или на мобилната верзија на „Мојот А1“.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Не, износот на сметката е исклучиво пресметан во денарска противвредност.
Не, сметката за Вашите услуги во А1 Македонија се испраќа исклучиво на македонски јазик.
Да, сметката можете да ја добивате на друга адреса.
Доколку сакате да ја промените адресата, потребно е да го посетите најблиското продажно место на А1 со валиден документ за лична идентификација.
Погледнете го видеотуторијалот, кој ќе Ви помогне како онлајн да ја платите Вашата сметка – чекор по чекор:
Сметката можете да ја платите на шалтерите во продажните места на А1, со еднократен надоместок во износ од 19 денари (со ДДВ) за секоја трансакција. Надоместокот ќе биде наплатен во следната месечна сметка.
Вашата А1 сметка можете да ја платите без надоместок за плаќање, брзо и едноставно, преку:
- нашата веб-страница на следниот линк: https://www.A1.mk/plati-smetka;
- мобилната апликација „Мојот A1“, во делот „Сметки“;
- со најава на веб-порталот „Мојот А1“, во делот „Сметки“; или
- во продажните салони на А1, преку терминалите за самонаплата.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Освен онлајн и во продажните места на А1, Вашата сметка можете да ја платите и во:
- пошта со приложување на Вашата А1 сметка или вирмански (со уплатница);
- банка: електронски, шалтерски или вирмански;
- преку банкомат на Стопанска банка или на НЛБ банка.
Доколку плаќате вирмански, преку пошта/банка, потребно е на уплатницата да ги внесете следните податоци:
- во полето „Трансакциска сметка на налогопримач“, внесете една од трансакциските сметки на А1 (кои се наведени и во Вашата електронска и во хартиената сметка)
- во полето „Повикување на број“ задолжително внесете го 12-цифрениот број од Вашата A1 сметка што ја плаќате, без дополнителен текст.
Уплатата на Вашата сметка може да ја реализирате на некоја од следните трансакциски сметки:
- НЛБ банка: 210-0706831002-12;
- Стопанска банка: 200-0029212758-54;
- Комерцијална банка: 300-0000038962-35; или
- Халкбанк: 270-0706831001-22.
Притоа, имајте предвид дека кога плаќате на овој начин (електронски, шалтерски или вирмански), уплатата се процесира следниот работен ден.
Да, електронско плаќање може да реализирате и со платежна картичка на некоја од македонските комерцијални банки или со странски картички издадени од 45 земји.
Валидни платежни картички се: Master card, Maestro, Visa.
Услов за плаќање е картичката да има троцифрен сигурносен код (CVV2/CVC2).
Онлајн уплата на сметката со картичка Diners, или пак, American Express не е можно.
Во прилог листа на земји издавачи на Visa и Master картички, со кои можете да платите онлајн сметка издадена од А1 Македонија:
|
ALBANIA |
HUNGARY |
POLAND |
|
|
ANDORRA |
ICELAND |
PORTUGAL |
|
|
AUSTRIA |
IRELAND |
ROMANIA |
|
|
BELARUS |
ITALY |
SAN MARINO |
|
|
BELGIUM |
LATVIA |
SERBIA |
|
|
BOSNIA AND HERZEGOVINA |
LIECHTENSTEIN |
SLOVAKIA |
|
|
BULGARIA |
LITHUANIA |
SLOVENIA |
|
|
CROATIA |
LUXEMBOURG |
SPAIN |
|
|
CZECH REPUBLIC |
MACEDONIA |
SWAZILAND |
|
|
DENMARK |
MALTA |
SWEDEN |
|
|
ESTONIA |
MOLDOVA REPUBLIC OF |
SWITZERLAND |
|
|
FINLAND |
MONACO |
TURKEY |
|
|
FRANCE |
MONTENEGRO |
UKRAINE |
|
|
GERMANY |
NETHERLANDS |
UNITED KINGDOM |
|
|
GREECE |
NORWAY |
UNITED STATES |
|
Одложување на плаќањето на доспеаните фактури може да направите на некој од следниве начини:
- со праќање SMS со клучен збор ODLOZI на 1233;
- преку говорен автомат – со повик на 1234 опција 2 (Информации за сметка), потоа 3 (Одложување на плаќање); или
- преку мобилната апликација „Мојот A1“.
Одложувањето на датумот за наплата на доспеана фактура е овозможено за 5 календарски дена и функционалноста се наплатува 99 денари (со ДДВ), еднократно.
Бројот на сметката е 12-цифрен број што Ви е потребен доколку плаќате сметка преку нашата веб-страница или доколку плаќате преку банка или пошта и можете да го најдете:
- во имејл пораката пратена од А1 (доколку сте регистрирани за добивање електронски сметки);
- на Вашата А1 сметка (електронска и печатена во горниот десен агол на сметката во делот „Податоци за Вашата сметка“);
- на мобилната апликација „Mојот А1“ во делот „Сметки“ (од делот „Листа на сметки“ потребно е да кликнете на сметката за соодветен месец, со што би биле префрлени во делот „Информации за сметка“);
- на веб порталот „Мојот А1“ во делот „Сметки“ (во колоната со назив „Број на сметка“); или
- со праќање бесплатна SMS-порака со каква било содржина од Вашиот телефонски број на бројот 14500, при што ќе добиете повратна порака со информации за бројот на сметка (оваа услуга важи само за физички лица корисници на мобилни линии).
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Платете ја Вашата сметка преку нашата веб-страница, преку апликацијата „Мојот А1“ или во најблиското продажно место на А1, по регистрација на уплатата, услугите веднаш ќе Ви бидат активирани.
Моменталната состојба Ви дава информации за дополнителните услуги што се надвор од Вашата претплата и тие се активирани во тековен месец.
Моменталната состојба е од информативен карактер и не вклучува месечни претплати, еднократни надоместоци, попусти или трошоци направени во роаминг.
Моменталната состојба на Вашата сметка може да ја проверите на неколку начини:
- со SMS-порака на бројот 1278 со текст SMETKA (пораката е бесплатна);
- со повик на бројот 077 1278 со следење на инструкциите од постпејд менито (повикот е бесплатен)
- преку мобилната апликација „Мојот А1“ во делот „Состојба“;
- преку веб-порталот „Мојот А1“ изберете ја опцијата „Состојба - Моментална состојба“; или
- со повик на бројот 077 1234 со следење на инструкциите од постпејд менито (со притискање на броевите 2, па 1).
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Точна информација за трошоците што сте ги реализирале во или надвор од границите на Македонија ќе добиете по изготвувањето на Вашата месечна сметка.
Преглед на издадените сметки од последните 12 месеци и детален приказ на сметка (сообраќај) на сметките издадени во последните 5 месеци можете да проверите преку апликацијата „Мојот А1“ со најава:
- на мобилната апликација „Мојот А1“ во делот „Сметки - Листа на сметки“ (потребно е да кликнете на сметката за соодветен месец, со што би биле префрлени во делот „Информации за сметка“) - Детална сметка; или
- на веб-порталот „Мојот А1“ во делот „Сметки - Преглед на сметки“.
Детална сметка (хартиена форма) може да се издаде во најблискиот продажен салон на А1, со лично барање поднесено од носителот на договорната обврска.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Е-сметка е начин да ја добивате Вашата месечна сметка исклучиво по електронски пат. Со активација на услугата доколку претходно сте добивале печатена сметка на Вашата домашна адреса, тоа се менува и во иднина ја добивате сметката на Вашата имејл адреса.
Најголема придобивка со активација на е-сметка е што се намалува потрошувачката на хартија, а со самото тоа заедно се грижиме за природата.
Со активација на е-сметка ќе имате пристап до информациите за Вашата месечна сметка во секое време. Сметката не можете да ја изгубите, а и доставата не може да доцни.
Доколку имате активна електронска сметка и не Ви е доставена во Inbox на Вашиот имејл, направете проверка во фолдерите „Junk, Spam или Other“ и пристигнатата порака од испраќачот „A1-noreply@A1.mk“ означете ја дека не е Spam, како би ги добивале во иднина во полето „Inbox“.
Услугата е-сметка е достапна за сите приватни и деловни корисници, без разлика на кое тарифно портфолио ги користат нашите услуги.

