Ви благодариме. Вашето барање беше успешно испратено.
А1 Македонија во соработка со ORYX Assistance, Ви ја нуди услугата Roadside Assistance - Помош на пат, која Ви овозможува опуштено да патувате со Вашето возило, без да се грижите за евентуалните дефекти или сообраќајни незгоди при патувањето, во земјата или во странство. Услугата е достапна за сите А1 постпејд мобилни корисници (физички и правни лица), со склучување договор на 24 месеци.
Повеќе информации можете да добиете на следниов линк: https://www.a1.mk/delovni/ict/roadside-assistance
Осигурувањето на екранот може да го активирате веднаш при купувањето на уредот во кое било продажно место на А1.
За оваа услуга немате договорна обврска, односно може да ја откажете во секое време.
Повеќе информации можете да добиете на следниов линк: https://www.a1.mk/delovni/ict/screen-insurance
Приложете го мобилниот уред со гарантниот лист и фискалната сметка во кој било салон на А1 и ние ќе го испратиме на сервис.
Исто така, сите други купени уреди преку А1 можете да ги доставите директно кај овластениот сервисер за Вашиот модел на уред што го користите.
На следниот линк можете да ги проверите овластените сервисери според моделот на уред: https://www.a1.mk/uredi/ovlasteni-serviseri
Мобилните телефони купени од А1 Македонија не се кодирани, освен сите модели на iPhone телефоните.
Корисниците на iPhone мобилни телефони купени од А1 Македонија можат да добијат код за декодирање за својот уред со наплата на еднократен надоместок во износ од 3.000,00 МКД за сите модели на iPhone.
Барањето за декодирање се поднесува во некој од продажните салони на А1 Македонија и еднократниот надоместок ќе биде наплатен во следната издадена месечна сметка.
A1 Xplore TV е апликација што Ви овозможува да гледате телевизија на Вашиот смарт-телевизор, лаптоп, таблет или смартфон, каде и да сте.
Услугата A1 Xplore TV е достапна за сите мобилни и/или фиксни постпејд корисници на А1, без склучување дополнитeлни договори. Едноставно, пристапувате до апликацијата, ја активирате услугата A1 Xplore TV и можете да започнете да гледате телевизија.
Повеќе информации можете да добиете на следниов линк: https://www.a1.mk/a1-xplore-tv-service
Gley е првата македонска видеостриминг платформа, преку која на едно место имате пристап до богат избор на домашни, регионални и светски филмови и серии, сите преведени на македонски и на албански јазик.
Со Gley уживајте во најпопуларните серии кога било и каде било, достапни за следење на сите уреди: смарт-телевизор, лаптоп, компјутер, смартфон или таблет, на 2 или на 4 уреди истовремено.
Gley вклучува и детски, забавни и едукативни содржини за сите возрасти, синхронизирани на македонски и на албански јазик и со родителска заштита.
Повеќе информации можете да добиете на следниов линк: https://www.a1.mk/gley
Boksy е првата апликација во Македонија за читање и слушање книги, наменета за сите возрасти.
Boksy содржи голем број книги на македонски, англиски и на албански јазик од македонски и странски издавачки куќи, и овозможува корисниците да можат да читаат или да слушаат аудиокниги на своите уреди. Покрај книги, апликацијата исто така содржи и многубројни едукативни квизови, дневни и неделни предизвици, креирање сопствени аватари, како и можност за натпреварување и освојување уникатни награди за оние што најмногу читаат.
Повеќе информации можете да добиете на следниов линк: https://www.a1.mk/postpejd/boksy
Сите корисници на A1 Постпејд и А1 Припејд мобилни услуги, имаат можност да купат BinBin ваучер преку SMS од својот мобилен телефон, за користење на услугата за изнајмување електрични тротинети во Скопје преку мобилната апликација BinBin.
Повеќе информации можете да добиете на следниов линк: https://www.a1.mk/binbin
A1 Net Protect Ви нуди безбедност на мрежно ниво, што го отежнува пристапот на напаѓачите до Вашите податоци. Тоа значи дека додека сте поврзани на мобилната или фиксната мрежа на А1 (дома и во странство), услугата автоматски ги детектира и ги блокира небезбедните веб-страници и апликации, при што Ви испраќа известување за детектирана интернет-закана.
Повеќе информации можете да добиете на следниов линк: https://www.a1.mk/a1-net-protect
Платете ја Вашата сметка без најава на Мојот А1, само внесете го бројот на фактурата што сакате да ја платите.
Внесете ја сумата која што сакате да ја надополните. Ве молиме, внесувајте сума помеѓу 100 и 1000 денари.