Согласност за Е-сметка

Како бизнис корисник Ви нудиме можност да се регистрирате за да ја добивате Вашата месечна сметка за телекомуникациски услуги во електронска форма на е-мејл, наместо во хартиена форма.

Месечната електронска сметка од А1 Македонија ДООЕЛ Скопје e потпишана со електронски потпис заснован на дигитален сертификат од овластеното лице за потпишување фактури, со квалификуван дигитален компаниски печат како и со временски печат, со што се обезбедени автентичноста на потеклото и интегритетот на содржината на сметката. Со ова, веќе од наредниот месец ќе добивате електронска сметка за Вашата компанија во PDF/A-3B стандард (верзија на PDF-датотека за архивирање и долгорочно чување електронски документи според ISO 19005-3 и ISO 32000-1) чија верзија 1.7 содржи XML-датотека, во која се содржани основните елементи на фактурата во согласност со Законот за ДДВ - член 53 став 10.

Оваа електронска сметка е целосно во согласност со Законот за ДДВ 53-б и овозможува ефикасно книжење и евиденција на сметките и на документацијата за Вашата компанија.

Дополнителна придобивка од електронската сметка е можноста за лесна навигација низ различните сегменти на фактурата и преглед на услугите за секој мобилен или фиксен претплатнички број во Вашата компанија.

За да почнете да ја добивате електронската сметка за Вашата компанија, сè што треба да направите е да го пополните документот Согласност за прием на фактура и за достава на писмена во електронска форма, и истиот:

  • Да го пополните и потпишете електронски и да го пратите на следната e-mail адреса: eSmetka@A1.mk или
  • Да го испечатите, пополните и потпишете своерачно, и да ни го испратите по пошта на адреса А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, Плоштад Пресвета Богородица бр. 1, 1000 Скопје