Контакт форма
Ви благодариме. Вашето барање беше успешно испратено.
Корисничка поддршка
Најпопуларни прашања
Замена на СИМ-картичка се прави во продажен салон. Новата СИМ-картичка се издава веднаш, а замената чини 499 денари (со ДДВ). За припејд се наплаќа веднаш, додека, пак, за постпејд ќе се наплати во следната сметка.
eSIM ги има истите карактеристики како и класичната SIM-картичка, но при активација се скенира само активацискиот QR-код, не е потрeбно внeсување пин.
Внатрешната меморија на eSIM Ви овозможува да складирате контакти како и физичката SIM-картичка, но доколку го избришете Вашиот профил на eSIM од уредот, ќе бидат избришани и сите податоци што биле зачувани на eSIM.
Кога преминувате од физичка SIM-картичка на eSIM и сакате да ги зачувате сите контакти, нив треба најпрвин да ги зачувате на Google, IOS или слична платформа.
eSIM е достапен за сите приватни и деловни А1 постпејд корисници, како и за А1 припејд корисниците што користат смартфон што поддржува еSIM-картичка.
Пред сè, потребен Ви е мобилен уред што поддржува eSIM, а потоа eSIM-ваучер што можете да го подигнете во продажните места на А1.
Погледнете го видеотуторијалот што ќе Ви помогне како да активирате eSIM на Вашиот телефон:
Во случај да сте го изгубиле мобилниот уред, задолжително пријавете во А1 Контакт центарот на бројот 077 1234 за да можеме привремено да ја прекинеме Вашата линија.
Потоа, потребно е да побарате нов eSIM-ваучер во некој од продажните салони на А1.
Новиот еSIM-профил го активирате на ист начин како и првиот пат.
Потребно е да ги следите инструкциите наведени на самиот eSIM-ваучер. Како и за секоја припејд SIM- картичка, прво треба да направите регистрација, а потоа да направите прв повик.
Да, можете да користите eSIM во роаминг, исто како и физичка SIM-картичка.
Со купување еSIM за 399 денари, новите А1 припејд корисници ги добиваат истите понуди како и за регуларна припејд картичка.
Да, ако Вашиот уред поддржува eSIM-технологија. Дополнително, препорачуваме да се користи eSIM со уреди од портфолиото на A1, бидејќи тие уреди се темелно тестирани.
Да, може. Задолжително е да се избрише инсталираниот eSIM профил на уредот кој моментално се користи. Важно: При промена на eSIM картичка од еден уред на друг, потребно е Вашиот уред да биде поврзан на интернет преку Wi-Fi мрежа со цел успешна активација/деактивација на eSIM профил.
Да, може. Замена на SIM-картичката можете да направите во кој било продажен салон на А1.
Зависи од уредот што го користите. Некои уреди имаат можност да ги користат и двата типа SIM.
Не, eSIM не поддржува NFC-технологија.
Всушност, eSIM не може да се активира преку NFC, бидејќи телефонот треба да биде конектиран на WiFi за да може да го преземете соодветниот профил.
Да, eSIM ги поддржува сите мрежи.
Најпрвин е потребно да пријавите дека е изгубен ваучерот во А1 Контакт центарот, на бројот 077 1234. Ваучерот ќе биде деактивиран, а нов еSIM-ваучер можете да побарате во некој од продажните салони на А1.
Новиот еSIM-профил го активирате на ист начин како и првиот пат.
Вашите eSIM-податоци и тарифа се безбедни сè додека Ви е активен профилот од првото активирање (од изгубениот eSIM-ваучер) на Вашиот уред.
Важно е да го избришете инсталираниот eSIM-профил од уредот во кој во моментот користите eSIM. Само по успешно бришење на eSIM-профилот, можете да го подарите уредот, бидејќи на тој начин ги заштитувате своите eSIM податоци и тарифа.

