Контакт форма
Ви благодариме. Вашето барање беше успешно испратено.
Корисничка поддршка
Најпопуларни прашања
Замената на опремата и инсталацијата на новата ТВ-услуга ги вршат техничари од А1.
Накратко: Модемот се поврзува со дигиталниот приемник преку Ethernet кабел и, доколку има кабелска мрежа, дополнително преку коаксијален кабел.
Телевизорот се поврзува со дигиталниот приемник преку HDMI-кабел што доаѓа заедно со уредот, во самото пакување.
Овие и други упатства од типот „Сакам да знам повеќе“ побарајте ги на самиот ТВ-интерфејс под кратенката „Помош“.
Услугата А1 ТВ содржи два профила на гледачи, фамилијарен и родителски. Во фамилијарниот профил е вклучена услугата „Родителска заштита“, која ги заштитува децата и малолетниците од несоодветна ТВ и видео содржина, така што за преглед и за гледање одредени содржини е потребно да се внесе пин.
Постојат 5 нивоа на родителска заштита што ја дефинираат возраста на детето/малолетникот, а со тоа и го ограничуваат пристапот до несоодветната содржина.
Овие и други упатства од типот „Сакам да знам повеќе“ побарајте ги на самиот ТВ-интерфејс под кратенката „Помош“.
Услугата А1 ТВ содржи два профила на гледачи, фамилијарен и родител:
- Фамилијарен – ова е стандардниот профил на гледач каде што е вклучена услугата „Родителска заштита“, која ги заштитува децата и малолетниците од несоодветна ТВ и видео содржина, така што за преглед и за гледање одредени содржини е потребно да се внесе пин. Во овој профил, за преглед/гледање на целосната ТВ и видео содржина без пин (освен еротска), потребно е нивото на родителска заштита да се постави на 18.
- Родител – овој профил овозможува пристап до сите ТВ и видео содржини (вклучувајќи и еротски), без да биде потребно внесување пин. Овој профил продолжувате да го користите сè додека повторно не го изберете фамилијарниот профил или до исклучување на дигиталниот приемник.
Услугата „Снимање“ овозможува снимање минати и идни ТВ-содржини, но и ТВ-содржини што во моментот се прикажуваат во живо.
Услугата е достапна на програмите што се во ТВ-распоредот и во програмските водичи означени со симболот круг во круг.
Снимената содржина е достапна за гледање 20 дена од денот на прикажување во живо, по што автоматски се брише.
Целата снимена содржина се наоѓа во „Моја колекција“ и може да се гледа на сите регистрирани уреди. Меѓутоа, на паметни телефони, на таблети и на компјутери може да се гледаат само снимките од оние ТВ-програми што се достапни на тие уреди.
Апликацијата A1 Xplore TV може да ја преземете преку:
Xplore TV може да ја користите на најновите верзии на следниве прелистувачи:
- Google Chrome 80.0 i 79.0;
- Mozila Firefox 74.0;
- Apple Safari 12 i 13;
- Internet Explorer 11; и
- Edge 79 i 80.
Барања за оперативен систем:
- компјутерски оперативен систем Windows 7, 8 i 10; и
- Mac OS X El Capitan, Mojave.
Не. Услугата е достапна само на територијата на Република Северна Македонија.
Да, услугата е достапна преку апликацијата A1 Xplore TV и преку веб-страницата https://xploretv.mk/home
Промената на лозинката се прави на следниот линк: https://www.a1.mk/xplore-tv-promena-na-lozinka.
Доколку не си ја знаете лозинката, јавете се во Контакт центарот на 077 1234 за да Ви ја пратат на Вашиот број за контакт.
Доколку имате потешкотии со најава на мобилната апликација A1 Xplore TV од мобилните уреди Huawei или Xiaomi, потребно е да ги направите следните чекори:
- Ако ја користите апликацијата преку мобилен интернет, потребно е да се префрлите на некоја WiFi мрежа и повторно да пробате да се најавите на апликацијата;
- Одберете Settings - SIM cards & Mobile Networks - ја избирате SIM-картичката на која сакате да нагодите (SIM 1 или SIM 2) - Access Point Names. Полето Proxy треба да е празно, доколку има податоци, потребно е да ги избришете и да ја сочувате промената.
Грешка со мрежната врска/Апликацијата веќе не работи - Доколку на Вашиот телевизор се појави една од овие пораки, потребно ќе биде ресиверот за телевизија да го исклучите и да го вклучите повторно во струја. Доколку проблемот не се реши на овој начин, јавете се во Контакт центарот на 077 1234.
HDMI-HDCP грешка - Доколку на Вашиот телевизор се појави оваа порака, потребно ќе биде да го извадите и повторно да го вратите HDMI-кабелот. Доколку проблемот не се реши или по одредено време повторно се појави, ќе биде потребно да ја промените резолуцијата на самиот ресивер. Новата резолуција треба да биде поддржана од самиот ТВ-уред. Откако ќе ја промените, исклучете го и повторно вклучете го ресиверот во струја за да се зачува промената. Доколку повторно се појави оваа грешка, јавете се во Контакт центарот на 077 1234.
Син/Црн екран - Доколку на Вашиот телевизор се појави син или црн екран, исклучете го и повторно вклучете го ресиверот во струја. Доколку проблемот не се реши, јавете се во Контакт центарот на 077 1234.

