Паметни часовници за деца

MyKi Watch

MyKi е детски смарт-часовник од новата генерација, кој е одлична забава за Вашето дете, но и сигурност за Вас како родител!

Детскиот смарт-часовник има GPS-уред, преку кој секогаш ќе знаете каде е Вашето дете и ќе бидете во тек со неговото движење. Лесен е и едноставен за користење.

Преку SOS-копчето детето во секој момент може да Ве повика на Вашиот телефон, а бидејќи смарт-часовникот има вградено SIM-картичка, може да разговарате со детето кога и да посакате.

Доколку тарифата А1 MyKi ја вклучите во пакет A1 Combo пакет, ќе добиете попуст од 100 денари на месечната претплата за тарифата А1 MyKi. Цената со А1 Combo e 299 ден./месечно.

A1 MyKi


250MB

интернет за користење на смарт-часовникот

500 минути

кон A1

50 минути

кон други национални мрежи

50 SMS

кон сите мрежи

Претплата за една линија399ден./мес.

Функции на MyKi:

  • Локација – со MyKi секогаш знаете каде е Вашето дете, можете да го следите движењето на детето на Вашиот мобилен телефон, преку апликацијата MyKi Watch.
  • Повици – можете да дефинирате до 10 броеви со кои детето ќе комуницира преку часовникот. Со MyKi Вашето дете е заштитено од несакани повици, бидејќи часовникот овозможува појдовни и дојдовни повици само со претходно дозволени броеви.
  • SOS-копче за брзо повикување – само со притискање на SOS-копчето, Вашето дете ќе може да Ви се јави и автоматски ќе Ви бидат пратени координатите на неговата локација.
  • Гласовни пораки – можете да примате и да праќате гласовни пораки од и до Вашето дете.
  • Сензор за допир/близина – благодарение на вградениот сензор, Вие ќе знаете дали Вашето дете во моментот го носи часовникот и ќе бидете информирани доколку часовникот е тргнат од раката.
  • Екран на допир во боја – со MyKi Touch Вашето дете може да пристапи во секое мени само со допир на екранот, што го прави MyKi Touch интерактивен и едноставен за користење.
  • Заменливи силиконски ремчиња во повеќе бои, кои се целосно безбедни и со удобен дизајн за Вашето дете.
  • Избор на повеќе ринг-тонови.

Повеќе информации за функциите на смарт-часовниците можете да најдете на веб-страницата за MyKi www.myki.watch.

За повеќе информации јавете се на 077 1234.

MyKi Spot тракер

Отсега Вашето милениче ќе може слободно да си игра надвор, а Вие опуштено ќе може да ја следите неговата локација каде и да е. Нема потреба да се грижите дека Вашето милениче ќе се изгуби, затоа што со MyKi Spot тракерот, секогаш ќе знаете каде точно се наоѓа.

MyKi Spot е тракинг уред, кој им помага на сопствениците на миленичиња преку апликација да го следат движењето на миленичињата и нивната локација во кое било време. Преку GPS, LBS и Wi-Fi локализацијата, MyKi Spot Ви овозможува прецизна локација на миленичето со точност до десет метри. Сопственикот на миленичето може да постави безбедносна зона околу вообичаеното место за прошетка, и доколку миленичето ја премине оваа зона, сопственикот во истиот момент ќе добие нотификација. Тракерот тежи само 28 грама и затоа е лесно да се постави на мали, но и на поголеми домашни миленичиња.


MyKi Spot тракерот е достапен за 0 денари, со договор склучен на 24 месеци за тарифниот модел A1 MyKi Spot со претплата од 199 ден./месечно.

Повеќе информации за функциите на тракерот можете да најдете на веб-страницата заMyKiили јавете се на 077 1234.