Упатство за најава на WiFi мрежа преку ZTE F670L рутер

За да Ви обезбедиме подобро корисничко искуство и подобар квалитет на интернет услугата во Вашиот дом, извршивме спојување на различните имиња за двете фреквенции (2,4GHz и 5GHz) на Вашата WiFi мрежа во едно единствено име. Сите безжични уреди кои претходно биле поврзани на одделните фреквенции на мрежата, потребно е да проверите дали се поврзани на единственото ново име на мрежата. Доколку некои не се, Ве молиме поврзете ги повторно според следните насоки.

  1. На почеток, отворете ја категоријата WiFi поставки (Settings > WiFi) на уредот кој сакате да го поврзете (телефон, таблет, компјутер, телевизор или друг уред).
  2. Името на WiFi мрежата на која треба да се поврзете е испишано на задната страна од Вашиот рутер, кај ознаката 2.4GHz SSID.
  3. На Вашиот уред пронајдете ја и изберете ја таа WiFi мрежа и внесете ја лозинката која исто така е испишана на налепницата, кај ознаката WPA/WPA2-PSK.
  4. За крај притиснете Connect за да се поврзете на WiFi мрежата.

Видете го примерот подолу од сликата 1:

  • 2.4GHz SSID: ZTE_2.4G_yKsHPy
  • WPA/WPA2-PSK: YdgjPEk6
Huawei routher back info

слика 1