А1 за одговорно и безбедно запознавање

Онлајн запознавањето одамна не е тренд, туку реалност. Денес се градат романтични врски, партнерства и бракови преку дигитални платформи.

Истовремено, анализите за дигитална интеракција покажуваат дека дел од корисниците имаат искусено несакани контакти или однесување што ги надминува личните граници. Предизвикот не е во запознавањето, туку во фактот што довербата допрва се гради.

Како компанија што ја овозможува поврзаноста меѓу луѓето, А1 верува дека модерната технологија треба да ја зголемува сигурноста, а не ризикот.

Следните препораки комбинираат лична претпазливост и паметно користење на технолошките алатки што веќе ни се достапни.

Препораки за безбеден прв состанок

Информирајте блиска
личност

Споделете основни информации за средбата како локација и име на лицето.

Едноставна, но ефикасна превентивна мерка.

Договорете се за средба на јавна локација

Дејтот договорете го на јавна локација со голема фреквенција на луѓе

Организирајте сопствен превоз

Организирајте сопствен превоз и планирајте самостојно пристигнување и заминување.

Контролата врз сопственото движење го намалува потенцијалниот ризик. Не шерајте адреса и место на живеење, пристигнете сои сопствен превоз

Бидете внимателни со личните информации

Адреса, финансиски информации, секојдневни рутини или податоци за блиски лица не мора да бидат тема на првата средба.

Препознавајте предупредувачки сигнали

Инсистирање на изолација, притисок, агресивност или непочитување на граници се индикатори што не треба да се игнорираат.

Интуицијата често е првиот аларм.

Реагирајте ако нешто е несоодветно

Во случај на вознемирување, закани или злоупотреба на лични содржини, пријавувањето е оправдана и одговорна постапка.

Не споделувајте интимни фотографии

Еднаш испратена дигитална содржина може да биде зачувана, препратена или злоупотребена.

Барање експлицитни фотографии во рана фаза е сериозен предупредувачки сигнал.

 

Со технологија до поголема безбедност

Користете привремено споделување локација

Паметните телефони овозможуваат live location што може да се активира само за времетраење на состанокот и да се исклучи во секое време.

Оваа функција обезбедува дополнително чувство на сигурност без нарушување на приватноста.

Ограничете видливост на личните профили

Проверете ги поставките за приватност на социјалните мрежи. Ограничете кој може да ги гледа вашите фотографии, контакт информации и локации.

Дигиталната хигиена е дел од личната безбедност.

Проверете дигитален идентитет пред средбата

Видео повик пред физичката средба може да помогне да се потврди дека лицето е тоа за кое се претставува.

Лажни профили и манипулативни претставувања се дел од глобалните предизвици на онлајн запознавањето.

Блок е океј!!!!!

Најголем green flag е чувство на сигурност и јасни граници.

Активирајте SOS или Emergency функции

Повеќето современи уреди имаат вградена SOS опција што со едно притискање испраќа порака со локација до однапред избрани контакти.

Оваа функција може да биде корисна во итна и непредвидена ситуација.

А1 - мрежа на најдобрите врски.