Паметно е да имаш
A1 Smart Office
Паметно е да имаш
A1 Smart Office

Се брзавте за на состанок и не сте сигурни дали сте го затвориле прозорецот од Вашата канцеларија? Конечно стигнавте дома по напорниот работен ден и се мислите дали сте ја оставиле климата вклучена? Изберете A1 Smart Office и олеснете го Вашето работење!

A1 Smart Office е паметен систем за управување со електричните уреди во Вашата канцеларија, со цел да се зголеми удобноста, сигурноста и безбедноста.

A1 Smart Office Ви овозможува преку користење едноставна апликација на Вашиот смартфон да управувате со електричните уреди во канцеларијата и да проверите дали е сè во ред во секое време, од кое било место. На овој начин ќе може да ги намалите трошоците и да заштедите време.

Промотивно: Активирајте Smart Office пакет со договор на 24 месеци и добијте ја услугата без претплата, 24 месеци.

Smart Office ќе Ви помогне да сте сигурни дека сѐ е во ред во Вашата канцеларија кога Вие не сте таму.

Доаѓате на работа, а Вашата канцеларија Ве чека со вклучено светло и оптимална температура.

Со Smart Office ќе бидете сигурни дека сте ги исклучиле електронските уреди.

Со Smart Office секогаш ќе може да проверите дали сте ги оставиле вратата или прозорецот отворени.

Достапен за сите


Smart Office може да се користи на кој било интернет-провајдер во нашата земја.

Лесна инсталација


Инсталацијата е многу едноставна, нема кабли и губење време.

Лесно управување


Со Smart Office можете лесно да управувате со сите паметни уреди во Вашата канцеларија.

Автоматско прилагодување


Smart Office уредот е паметен. Автоматски се прилагодува на Вашите дневни рутини и навики.

Преземете ја апликацијата
Smart Office
Solution
 

Промотивно: Активирајте Smart Office пакет со договор на 24 месеци и добијте ја услугата без претплата, 24 месеци.

smart office
Уреди
  • Централна единица
  • Паметен приклучок
  • Сензор за врати и прозорци
  • Повеќенаменски сензор
  • Внатрешна камера
Услуги
  • Мобилна апликација за управување со сите уреди
  • Пристап до апликацијата за повеќе членови
  • Известување преку SMS
  • Известување со повик
  • Видео складирање до 30 дена
Цена на уреди:
799 ден./мес.

на 24 месеци

+

Месечна претплата за услуга
A1 Smart Home

149 ден.
0 ден.

Направи сам - Smart Office според Вашите потреби

За креирање Smart Office пакет, потребно е да изберете една од тарифите Smart Home S или Smart Home M и централна единица за контролирање на уредите.

Потоа изберете помеѓу различните Smart Office уреди и направете ja вистинската комбинација за Вас.

За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234.

Централна единица

Централната единица ги поврзува паметните уреди со Вашиот смартфон. Ви овозможува да управувате со сите уреди едноставно и практично од Вашиот смартфон, каде и да сте.

Цена на уред:
4.199 ден.

Централна единица со SIM картичка

Централната единица со вградена SIM-картичка има 2GB вклучен интернет за комуникација со уредите и вградена батерија што трае до 4 часа. Централната единица ги поврзува паметните уреди со Вашиот смартфон и Ви овозможува да управувате со сите уреди едноставно и практично, каде и да сте.

Цена на уред:
6.799 ден.

Сензор за врати и прозорци

Благодарение на сензорот што функционира со магнет, секогаш знаете дека вратите и прозорците во Вашиот дом се затворени. Автоматски добивате известување на Вашиот смартфон доколку нешто сте оставиле отворено.

Цена на уред:
1.699 ден.

Внатрешна камера

Со внатрешната камера цел ден можете да следите што се случува во Вашиот дом - со можност да снимате во радиус од 115 °, со можност за HD видеостриминг и ноќно снимање. Во комбинација со повеќенаменските сензори, камерата започнува со снимање штом се активира сензорот.

Цена на уред:
2.599 ден.

Повеќенаменски сензор

Овој сензор автоматски го детектира секое движење, Ви овозможува да ја измерите температурата и интензитетот на светлината. Има оптимална величина и лесно се вклопува во секој простор.

Цена на уред:
2.799 ден.

Паметен засилувач

Засилувачот Z-Wave е дизајниран да го засили и да го зголеми опсегот од индивидуални сензори до Smart Home. На овој начин, дури и пооддалечените сензори ќе работат оптимално.

Цена на уред:
1.499 ден.

Паметен приклучок

Паметниот приклучок Ви овозможува да го вклучите или да го исклучите кој било електричен уред што е со моќност до 2500 W преку смартфон или таблет, без разлика каде се наоѓате.

Цена на уред:
3.299 ден.

Сензор за чад

Сензорот за чад ја зголемува безбедноста во Вашиот дом. Ги детектира честичките кои се наоѓаат во чадот и поседува вграден аларм кој се активира во случај на несакана ситуација. Сензорот за чад обезбедува чувство на сигурност, бидејќи знаете дека во случај на несакана ситуација можете веднаш да реагирате.

Цена на уред:
2.899 ден.

Паметна сијалица

Вашето секојдневие ќе биде позабавно со паметната сијалица која Ви овозможува лесно да го контролирате осветлувањето во Вашиот дом. Мала потрошувачка на енергија но со генерирање на светлина која може да се спореди со светилка од 60 w. Дизајнирана за рачна и автоматска контрола на светлината, лесно можете да го одредите тонот на бојата и интензитетот на светлината од каде било.

Цена на уред:
1.899 ден.

Внатрешен аларм

Со јачина на сирената од 105 dB добивајте известувања во ситуации кога неовластени лица неочекувано имаат намера да влезат во Вашиот дом. Внатрешниот аларм има вградена батерија која овозможува да работи три часа и во случаи кога електричната енергија е прекината.

Цена на уред:
2.499 ден.