23.02.2018

Известување за корисници

Вип ги известува своите корисници дека на 22.02.2018 дојде до неочекуван прекин на услугите од техничка природа во градот Прилеп, при што имаше времен прекин на фиксните услуги. Прекинот се однесуваше на фиксната телефонија, интернет и телевизија (ATV и DTV) кај корисниците на DOCSIS технологија. Професионалните екипи интервенираа во најбрз можен рок по што техничките проблеми беа успешно отстранети и се воспостави нормално функционирање на услугите. Би сакале да им се извиниме на нашите корисници за овие несакани технички проблеми и се надеваме дека ќе наидеме на разбирање.

Back