За донациите 

Се грижиме и сакаме да им помагаме на оние, на коишто тоа им е најпотребно, заедно со нашите вработени, како компанија започнавме многубројни хуманитарни настани, некои од нив и непознати за пошироката јавност. Овие активности, ни овозможуваат да им донесеме радост на најранливите и среќа на најмалите. Ние се грижиме за младите, за нашата животна средина и за благосостојбата на сите.
 

Информации за отворање на број за донации, во А1 Македонија!

За сите оние, на коишто им треба помош и поддршка од хумани луѓе, А1 Македонија нуди можност за отворање на броеви за донации, преку коишто корисниците на услугите на А1, ќе можат да ја покажат својата хумана страна, со едноставна донација преку нивните мобилни телефони. На овој начин, А1 Македонија ја поттикнува хуманоста кај луѓето, првенствено, со цел да им помогне на лицата, на коишто им е потребен оперативен зафат или лекување. Донацијата се врши преку телефонски повик, од страна на корисниците на А1, при што со секој повик се донираат 100 денари.
За отворање на број за донации за физички лица, потребни се следните документи:

  • пополнето писмено барање
  • VSD документ за физички лица
  • потврда за медицинска дијагноза, издадена од овластена установа
  • упат за понатамошно лекување/операција во земјата/во странство
  • писмо од медицинската установа за закажана операција/лекување
  • копија од жиро/трансакциска сметка
  • копија од лична карта
  • доколку бројот за донации е наменет за малолетно лице, потребно е да се приложи копија од извод од матичната книга на родените

Адреса за достава

Горенаведените документи, треба да се достават по пошта, или лично на следната адреса: “Плоштад Пресвета Богородица” бр. 1, 1000 Скопје, со назнака „Молба за отворање број за донации – за корпоративна комуникација".
Важни забелешки за барателите:

  • техничките можности на броевите за донации се ограничени, а максималното времетраење на броевите за донации е три месеци. По доставувањето на комплетната потребна документација, овластено лице од А1 Македонија ќе Ве извести дали Вашата молба е прифатена.
  • врз основа на прифатената молба, А1 Македонија ќе назначи и технички ќе одржува посебна линија за донации. На бројот за донации, преку повик што ќе чини 100 денари, можат да донираат само корисниците на А1, а корисниците на другите мобилни оператори и фиксни мрежи, нема да можат да се јават или да донираат на овие броеви.
  • исплаќањето на собраните средства од корисниците на А1 се врши врз основа на потпишан Договор за донација.
  • целосната сума, собрана од корисниците на А1, му се исплаќа на барателот на донацијата од страна на А1 Македонија. Персоналниот данок се одбива од оваа сума.
  • личните податоци на барателот се користат исклучиво за оваа цел. Заштитата на личните податоци е гарантирана, во согласност со законските прописи.
  • А1 Македонија ќе го објави доделениот број за донации на веб-страницата на А1 Македонија. Барателот е лично и финансиски одговорен за сите други канали на јавна комуникација.

За отворање на број за донации за правни лица, потребни се следните документи:

  • пополнето писмено барање
  • VSD документ за правни лица
  • опис на проектот, за којшто е наменет одделниот број за донации
  • опис на правното лице, кратка биографија, остварени проекти и работни планови
  • потврда од Централниот регистар, не постара од шест месеци
  • друга документација, со којашто се потврдува релевантноста на проектот

Важни забелешки за барателите:

  • општествено - одговорните организации (оние, чии активности вклучуваат иницијативи за помош на ранливите социјални групи), имаат приоритет при отворањето број за донации.
  • техничките можности на броевите за донации се ограничени, а максималното времетраење на броевите за донации за правни лица е една година. По доставувањето на комплетната потребна документација, овластено лице од А1 Македонија ќе Ве извести, дали Вашата молба е прифатена.
  • врз основа на прифатената молба, А1 Македонија ќе назначи и технички ќе одржува посебна линија за донации. На бројот за донации, преку повик што ќе чини 100 денари, можат да донираат само корисниците на А1, а корисниците на другите мобилни оператори и фиксни мрежи, нема да можат да се јават или да донираат на овие броеви.
  • исплаќањето на собраните средства од корисниците на А1 се врши врз основа на потпишан Договор за донација.
  • целосната сума, собрана од корисниците на А1, му се исплаќа на барателот на донацијата од страна на А1 Македонија. личните податоци на барателот се користат исклучиво за оваа цел. Заштитата на личните податоци е гарантирана, во согласност со законските прописи.
  • А1 Македонија ќе го објави доделениот број за донации на веб-страницата на А1 Македонија. Барателот е лично и финансиски одговорен за сите други канали на јавна комуникација.