01.06.2020

Интервју со Иво Стојановски

А1 Македонија е првата компанија во нашата земја со виртуелна продавница, достапна за сите

Горди сме што А1 Македонија преку воведување иновaтивни решенија е двигател на дигитализацијата во нашето општество, со воведување на првата виртуелна продавница – A1 Liveshop, која нуди интерактивно, уникатно и единствено корисничко искуство.

Очекуваме дека виртуелната продавница ќе охрабри голем број корисници да ја остварат својата потреба за производите и за услугите на А1 Македонија преку овој дигитален канал, особено во период на пандемија и ограничено движење на граѓаните, од комфорот на своите домови, и да заштедат драгоцено време. Така, на пример, доколку имате потреба од нов телефонски уред, а преферирате информациите да ги добиете од удобноста на вашиот дом или канцеларија, но исто така важни ви се советите и инструкциите од нашите продажни агенти или сакате да поставите дополнително прашање за да донесете одлука, на располагање ви е нашиот А1 Liveshop, каде што aудитивно и визуелно ќе ви бидат претставени нашите производи и услуги и ќе бидете веднаш услужени.

Виртуелната продавница овозможува комуникација со продажните агенти преку видеоврска, која се остварува преку веб-страницата и со класичен телефонски повик, со истовремено и директно поврзување. А1 Liveshop е продажен салон наменет исклучиво за потребите на виртуелната продавница. Опремен е со посебна техничка опрема и со софтвер за видеоповрзување, со десетина камери преку кои се остварува интерактивно видеоискуство со продажните агенти, инфраструктура за гласовна врска, студиско осветлување и звучна изолација.

Поврзувањето со виртуелната продавница е едноставно, брзо и бесплатно. За да се поврзете со продажниот агент во живо преку виртуелната продавница, посетете ја веб-страницата на А1 Македонија и кликнете на иконата со А1 продажен агент, што ќе се појави во долниот десен агол од екранот. По внесување на телефонскиот број од страна на корисникот, се остварува аудиоповрзувањето преку класичен телефонски повик, додека на екранот од мобилниот уред или од лаптопот можете во живо да го видите А1 продажниот агент преку веб-страницата. Агентот ќе ви ги презентира сите потребни информации и ќе можете да остварите купување на нашите производи и услуги. Според ова, аудиокомуникацијата во виртуелната продавница е двонасочна помеѓу агентот и корисникот, додека видеоповрзувањето во живо преку веб-страницата е еднонасочно, односно корисникот ги гледа продавницата и агентот, додека агентот не го гледа корисникот. 

Сите производи што може да се купат во регуларните продажни салони, може да се купат и преку виртуелната продавница. Плаќањето се извршува електронски, со претходно испратени инструкции од А1 продажниот агент и уредот се доставува на домашна адреса, без трошоци за испораката. 

А1 Liveshop не претставува само нов и лесно достапен продажен канал, туку и можност корисниците со обнова на договор или со активација на нова услуга од постпејд или од конвергентното портфолио на А1 Македонија, да искористат ексклузивна промоција 3 месеци без претплата, бенефит достапен исклучиво на овој продажен канал.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Известување за корисниците

Поради техничка надградба на софтверскиот систем на А1 Телеком Австрија Групацијата, а со цел зголемување на капацитетите и подобро опслужување на корисниците, Ве известуваме дека во периодот од сабота 20.06 од 22:00 часот до недела 21.06 до 13:00 часот,

Дознај повеќе
Card image cap

Известување за корисниците

Поради техничка надградба на софтверскиот систем на А1 Телеком Австрија Групацијата, а со цел зголемување на капацитетите и подобро опслужување на корисниците, Ве известуваме дека во периодот од сабота 13.06 од 22:00 часот до недела 14.06 до полноќ, дел..

Дознај повеќе