22.04.2020

Бидете секогаш онлајн – нова понуда од 20 GB за постпејд корисниците на А1 Македонија

Во овој период на зголемена потреба од мобилен интернет, А1 Македонија лансираше нова понуда за своите постпејд корисници. Со активација на месечниот интернет пакет Net 20GB, корисниците добиваат 20GB интернет за само 299 денари.

Како компанија која постојано излегува во пресрет на потребите на своите корисници, А1 Македонија и овој пат понуди атрактивна промоција за постпејд корисниците. Зголемениот интернет сообраќај поради работата од дома, онлајн едукацијата како и виртуелната комуникација со најблиските се само едни од причините поради кои корисниците имаат потреба од ваков тип на понуда.

Пакетот е достапен за приватни и деловни A1 постпејд корисници, исклучиво преку дигиталните канали - апликацијата Мојот А1 и веб верзијата на Мојот А1. Корисниците можат да го активираат со одбирање Пакети во менито на апликацијата А1, потоа со избирање “Net 20GB” во подменито Достапни национални услуги.  

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Да ги почитуваме мерките за заштита на јавното здравје и да ги користиме дигиталните алатки за комуникација.

Назад

Слични содржини

Card image cap

А1 Македонија со најдобар проект за паметен град за општина Велес

А1 Македонија ја има честа да ја извести јавноста дека е избрана како најдобар понудувач на јавниот тендер за набавка и имплементација на паметна опрема...

Дознај повеќе
Card image cap

Како се промени B2B продажбата во време на пандемија

КОВИД-19 пандемијата е најголемата здравствена и економска криза во светот забележана во последната декада од овој век...

Дознај повеќе