11.07.2019

Софија Шутарова: А1 ми понуди пат што комплетно се вклопува во мојата желба, што сакам да научам и да работам

Софија Шутарова, дипломиран електроинженер која своето образование го здобива на факултетот за Електротехника и информациски технологии во Скопје, на отсекот Телекомуникации. Нејзината амбиција да работи во мултинационална компанија ја доведе до А1. Веднаш ја прифати понудата да започне како практикант во Одделот за Маркетинг знаејќи дека почнува  сосема ново поглавје во својот професионален живот.

Мојата приказна во А1

Мојата приказна со А1 е многу едноставна – го видов огласот за практикант во Одделот за Маркетинг и едноставно се пријавив, без многу размислување за тоа какви се моите можности.

Интервјуто беше поинакво искуство за мене. Се разликуваше од досегашните интервјуа на кои сум била бидејќи беше многу порелаксирано, а колегите кои беа задолжени за регрутација на ненаметлив начин ги добија информациите за кои беа заинтересирани.

Се разбира, позитивната трема беше присутна, веројатно тоа е во природата на секој човек. Кога ми се јавија дека јас сум нивниот избор, знаев дека тоа е можност која не се пропушта.

Зошто А1?

Како дипломиран електроинженер, во време на масовна дигитализација кога телекомуникациите напредуваат со огромна брзина, А1 ми понуди пат кој комплетно се вклопува во мојата желба, што сакам да го научам и работам. А1 е дел А1 Телеком Австрија Групацијата, па самото тоа нуди големи бенефити за вработените, особено ако сте млади и подготвени за нови предизвици и знаења.

Постојат голем број на програми кои се наменети за млади и амбициозни луѓе кои се подготвени да го градат својот професионален пат.  Од друга страна можноста да учам од тим на професионалци ми претставува особено задоволство и има значителен удел во почетокот на мојата кариера.

Ако се вратам на чувствата кои ги имав првиот работен ден ќе кажам возбуда. Замислете една од најголемите телекомуникациски компании во нашата држава ги отвори вратите за мене. Имав и трема, но позитивната атмосферата во Маркетинг тимот бргу ми ја избриша. Денес возбудата уште трае, но нетрпеливоста преовладува. Нетрпелива сум пред предизвиците кои ми ги нуди работата и желбата за усовршување.

Софија својата кариера во А1 ја започна како практикант, денес е вработена и е еден од најмладите членови во тимот за Маркетинг.

Од твое лично искуство, која е разликата помеѓу практикант и вработен?

Кога ќе направам разлика, како практикант повеќе бев фокусирана на едукација, но тоа не значи дека не бев вклучена во работата, напротив, самото учество и работа на проекти ми помогна да се надградам за денес да бидам подготвена.

Започнав како практикант во Одделот за Маркетинг за резидентни корисници и во шест месеци таму вложив многу труд за да се вклопам во работната атмосфера. Уште од првиот ден колегите од тимот, но и од другите оддели ми беа огромна поддршка и несебично го споделија своето знаење со мене, а така е и денес.

Денес сум вработена во А1 во Одделот за Маркетинг за бизнис корисници и веќе се соочувам со посериозни работни задачи, а се трудам да го надградам своето знаење и да го применам во проектите на кои работам. Работам во компанија која се стреми кон современ технолошки напредок, односно кон дигитализација на нашето искуство како вработени, но и кон дигиталното искуство на корисниците…тоа има голем удел во мојата мотивација.

Што е следно?

Следно? Чест ми е што сум дел од големите проекти во команијата. Дигитална трансформација, огромен предизвик кој завзема сé поголем замав во денешницата, особено во телекомуникациската индустрија. Ќе продолжам да се стремам кон личен и професионален напредок, создавајќи и собирајќи ги искуствата и предизвиците кои ги носи секој работен ден.

Назад

Слични содржини

Card image cap

А1 со атрактивна новогодишна промоција

Најдобрите празници досега со A1 Постпејд и А1 Combo

Дознај повеќе
Card image cap

А1 Македонија го реализираше првиот повик на 5G технологија

A1 Македонија, како компанија што постојано ги имплементира најсовремените технологии што обезбедуваат највисоко ниво на квалитетот на услугата за своите корисници...

Дознај повеќе