04.06.2018

Известување за корисници

Вип ги известува своите корисници дека на ден 03.06.2018, поради технички проблем предизвикан од лошите временски услови, дојде до неочекуван времен прекин/деградација на услуги кај корисниците на DVB –T платформа, при што имаше прекин на одредени ТВ канали. По интервенирање на професионалните екипи, проблемот беше успешно отстранет и услугите беа вратени во функција. Се извинуваме и Ви благодариме на разбирањето.

Назад