02.10.2020

Интервју со Емилија Зографска

А1 Македонија во месецот на одбележување на првиот роденден од воведувањето на овој бренд на македонскиот пазар, подготви изненадување за сите љубители на филмовите и кино-проекциите. Од 29 септември до 5 октомври на паркингот на А1 Арена (СЦ Борис Трајковски), посетителите од своите автомобили имаат можност да ги следат филмовите што се прикажуваат, додека звукот се емитува преку FM фреквенција која се следи преку радио уредот во возилото. За инспирацијата за А1 Drive-in кино во Македонија и воедно првиот роденден од воведувањето на „А1“ на македонскиот пазар, разговаравме со Емилија Зографска од секторот Корпоративни комуникации на А1 Македонија.

Како се роди идејата за А1 Drive-in кино во Македонија, што ве инспирираше?

Оваа, по многу нешта специфична 2020 година, нѐ предизвика сите да излеземе од зоната на конвенционалниот начин на живеење и на размислување. Ги променивме секојдневните навики кон ултра дигитален начин на живеење, а од друга страна, бараме најдобар модел за безбедна социјализација, па понекогаш се враќаме на традиционалното или на некои подзаборавени форми за дружење. За А1 Македонија ова е година кога се направи најголемиот пресврт и оспособување на компанијата за функционирање во најспецифичните услови досега, притоа обезбедувајќи една од највиталните услуги за корисниците, а тоа е нивната комуникација со сите неопходни страни, но и година во која ја одбележавме и првата година од воведувањето на брендот А1 на македонскиот пазар. Сакаме да го одбележиме овој значаен момент за компанијата заедно со своите корисници и секако, широката јавност. Како компанија се стремиме секогаш да понудиме нешто ново и оригинално за публиката, но и секојдневие исполнето со уникатни содржини. Во време на пандемија, кога сите препораки наложуваат социјално дистанцирање со цел заштита и превенција од КОВИД-19, едноставно се насочувате кон креирање настан кој ќе понуди содржина, а притоа да биде максимално безбеден за посетителите. Нашата намера беше да понудиме место за социјализација, бидејќи љубителите на големото платно подолг период немаа можност да ги посетуваат кино салите. Од друга страна, drive-in кината секаде во светот се вистински хит и се враќаат на голема врата токму заради пандемијата, и уживањето во омилениот филм во приватноста и удобноста на својот автомобил доживува вистински „камбек“. Нашата јавност секогаш била и треба да остане во тек со светските трендови. Оттука, сакајќи и да овозможиме уште едно роденденско изненадување и вистински оригинално искуство за јавноста, се роди идејата за A1 Drive-in Cinema. На седумдневниот репертоар на овој филмски фестивал се прикажуваат врвни филмски наслови од различни жанрови и засега публиката не го крие своето задоволство.

Некогаш овој тип на кино било многу популарно и посетувано, дали очекувавте голема посетеност и сега, особено со сегашната ситуација и каква е посетеноста досега?

Интересот на публиката за добри филмски наслови и тоа да биде со висок квалитет, е секогаш голем. Да, drive-in кината ја уживаат својата популарност уште од 50-тите години на минатиот век, кога почнуваат масовно да отвораат вакви кина пред сѐ во Америка, но и ширум светот. Сепак, со појавата на видео касетите во 70-тите години атрактивноста на drive-in кината опаѓа, меѓутоа во изминативе месеци, како резултат на затворањето на кино салите, тие повторно го доживуваат своето враќање во најголем сјај, токму поради пандемијата со КОВИД-19, и тоа не само во поразвиените земји, туку и во нашиот регион.

Она што е најважно со оглед на сегашната ситуација е дека овие т.н. „авто-кина“ нудат приватна, удобна, но секако и безбедна социјализација во време на пандемија, па оттука и очекувавме капацитетите на паркингот на А1 Арената да се исполнуваат за време на сите проекции.

Се разбира, A1 Drive-in киното е организирано согласно сите протоколи за одржување настани на отворено, а влезниците за сите 7 проекции беа резервирани практично првиот ден и навистина нѐ радува фактот што овој настан побуди огромен интерес кај публиката.

Како се одвива целиот концепт на настанот? (распоред, влезници, правила кои треба да се почитуваат)

Резервациите се достапни онлајн преку платформата www.karti.com.mk и ние сме пријатно изненадени од брзината на нивното букирање. Потребни се буквално неколку минути за пополнување на капацитетите. Така што оние кои одлучиле да го посетат киното, при влегувањето се легитимираат со резервацијата од својот мобилен телефон или со покажување на резервацијата во отпечатена форма. Паркингот на А1 Арената е подготвен да пречека по 100 возила за една проекција, но со цел поголема достапност на проекциите за колку што е можно поголем број посетители, бројот на резервации по проекција е ограничен, што значи дека едно лице може да изврши една резервација што важи за едно возило.

Возилата се распоредуваат на паркингот по принципот „прв дојден-прв услужен“, односно според времето на пристигнување. Во однос на мерките и правилата што треба да се почитуваат, секако тие се направени согласно официјалните препораки за заштита и превенција од КОВИД-19, при што посетителите носат заштитни маски доколку го напуштаат возилото, но и внатре во возилото доколку не се членови на исто семејство.

По веќе одржаните три проекции, уште еднаш можеме да констатираме дека сѐ функционира во најдобар ред, а секако за тоа заслугите се насочени кон публиката која во вистинска смисла на зборот го прави овој настан уште поквалитетен.

Овој месец го прославивте и првиот роденден од воведувањето на „А1“ на македонскиот пазар. Освен со овој настан, со кои други активности или пак новитети го одбележавте истиот?

Инспирирани од корисниците, преку сите наши активности се стремиме да ги насочиме кон најдобрите паметни решенија кои секојдневните активности им ги прават поедноставни, го заштедуваат нивното време и овозможуваат уште повеќе забава и комуникација.

Така, и нашиот прв роденден го прославивме со нашите корисници и подаривме 10GB мобилен интернет кои беа достапни за користење преку Мојот А1 апликацијата. Потоа, во правец на постојано збогатување на понудата, ги лансиравме новите Combo тарифни модели, како најдобра конвергентна понуда на македонскиот пазар, со нови мобилни тарифи и уште повеќе поволности, со кои како комбинација од мобилни и фиксни услуги, корисниците имаат единствена можност за флексибилност, односно самите да го креираат својот A1 Combo пакет и самите да си изберат ТВ канали и интернет по нивна мерка со намалена претплата и да добијат дополнителен попуст за избор на телефони и телевизори.

Зголемувањето на вклучениот интернет во сите NEO тарифни модели беше уште едно од низата роденденски изненадувања за нашите корисници, односно ја лансиравме најдобрата понуда на пазарот преку новата мобилна тарифа А1 Neo M+, со вклучени дури 30GB мобилен интернет, но и ја надградивме функционалноста на A1 Net Sef со воведување уште еден новитет – „опција за размена“, единствена услуга од овој тип на европскиот пазар, преку која корисниците не само што можат да го зачуваат својот неискористен мобилен интернет, туку неискористените GB и да ги заменат за други услуги по нивен избор, како што се интернет во странство, меѓународни разговори, итн.

На крајот, ја лансиравме и најновата и усовршена верзија на виртуелниот експерт базиран на вештачка интелигенција - „Славчо”, со уште повеќе функционалности, дизајниран да понуди помош и поддршка за сите прашања на корисниците поврзани со услугите на А1. „Славчо” е првиот виртуелен експерт во форма на четбот со човечки карактеристики кој може да комуницира на кирилица и латиница и за само 10 дена од неговата најава, дури 10.000 корисници му се обратиле за помош.

Што уште следува на репертоарот на А1 Drive-in Cinema?

Следуваат неколку наслови кои додаваат уште повеќе шмек на целиот настан. По проекциите на оскаровецот „Паразит“, семејната драма „Вистина“ и данскиот „Уште една тура“, овој викенд, почнувајќи од вечерва, посетителите ќе може да уживаат во уште три големи филмски наслови кои собраа повеќе десетици награди на голем број реномирани филмски фестивали.

Следната филмска проекција за вечерва, 2 октомври, е адаптацијата на класичната приказна за добропознатиот „Пинокио“ (Pinocchio) од 2019-та година, за најпознатата жива кукла на светот, со неповторливиот оскаровец Роберто Бенини во улога на Џепето.

Возбудливиот историски трилер „Офицер и шпион“ (An Officer and a Spy или J'accuse во оригинал, 2019), кој е најновото филмско остварување на еден од најдобрите режисери Роман Полански, на репертоарот е во сабота, а пак во недела посетителите ќе можат да ја погледнат акционата драма „Проксима“ (Proxima, 2019) од англиско-француско говорно подрачје. Тој ја следи приказната на астронаутката Сара (во улога на Ева Грин), која се подготвува за едногодишна мисија на Меѓународната вселенска станица.

Затворањето на A1 Drive-in киното е во понеделник, на 5 октомври, со проекција на популарниот документарец за фронтменот на поранешната група „Оејзис“ (Oasis), „Лиам Галагер: Како што беше“ (Liam Gallagher: As It Was, 2019).

Назад

Слични содржини

Card image cap

Интервју со Димитар Димитров

Остануваме фокусирани на дигитализација на нашите услуги и обезбедување на премиум корисничко искуство за нашите корисници.

Дознај повеќе
Card image cap

Среќен прв роденден - А1 Македонија

Веќе една година откако А1 брендот е дел од македонскиот пазар. Некои промени се видливи, како нашето заедничко лого и дигиталните алатки, но други промени се случуваат постепено...

Дознај повеќе