01.10.2020

А1 Македонија со промотивна понуда за постпејд корисниците

Скопје, 1 октомври 2020г.- Постпејд корисниците на А1 имаат можност да добијат двојно повеќе интернет доколку преку апликацијата Мојот А1 активираат некој од пакетите за дополнителен национален мобилен интернет.

Водени од континуираната потреба за повеќе мобилен интернет на корисниците, телекомунициската компанија А1 овозможи промотивно зголемување на националните пакети за интернет, достапни преку мобилната апликација Мојот А1. Со активација на еден од пакетите со промотивен интернет корисниците добиваат двојно повеќе за иста цена и тоа со Net 2GB Promo за 149 денари корисниците добиваат 2GB мобилен интернет, со Net 4GB Promo за 199 денари корисниците добиваат 4GB, а со пакетот Net 10GB Promo за 299 денари корисниците добиваат 10GB.

Промотивната понуда може да се активира единствено преку Мојот А1 апликацијата што им овозможува на корисниците брзо и едноставно да го добијат потребниот интернет во моментот кога токму ним им е потребен. Промотивната понуда може да се искористи за еднократни активации, но и за пакети со автоматска реактивација.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Нашите корисници се наша инспирација.

Сакаме да грaдимe пaртнeрски oднoс сe сo цeл дa дoбијaт пoнудa штo ќe oдгoвaрa нa нивнитe комуникациски потреби и тоа преку брзa и eфикaснa услугa...

Дознај повеќе
Card image cap

А1 МАКЕДОНИЈА СО УНИКАТЕН НАСТАН ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ФИЛМОТ

A1 Drive-in кино од 29 септември до 5 октомври. Во месецот на одбележувањето на првиот роденден од воведувањето на брендот А1 на македонскиот пазар, компанијата А1 Македонија продолжува со изненадувања за јавноста и со задоволство го најавува...

Дознај повеќе