02.07.2020

А1 Македонија со зголемен попуст за уреди за своите корисници на A1 Combo

Скопје, 1 јули 2020г.- Од денес, корисниците на фиксни и мобилни услуги во пакетот А1 Combo имаат можност да искористат попуст од 15.000 денари за купување на смартфон, телевизор, лаптоп или таблет.

Со започнување на летниот период и со зголемената потреба за уживање и забава во летните денови, А1 им овозможува на своите корисници да искористат поголем попуст за купување на уреди со кои ќе можат со леснотија да ги поминуваат летните денови во овие специфични услови. Со комбинирање на услугите за интернет за дома, телевизија и мобилна телефонија, корисниците имаат можност да креираат решение која најмногу одговара на нивните потреби. Имено, корисниците на А1 Combo добиваат попуст од 15.000 денари за купување на уред доколку склучат договор за фиксен пакет A1 Combo Neo 4M со вклучена една мобилна линија A1 Neo L. Истиот овој договор доколку се склучи online преку дигиталните платформи на А1, субвенцијата е 16.000 денари. Дополнително, со секоја наредна мобилна линија која се додава во пакетот, попустот за уред се зголемува.

Промотивната понуда можат да ја искористат сите приватни и бизнис корисници на пакетот А1 Combo, без разлика дали склучуваат нов договор, прават надоградба на пакет, спојуваат услуги или обновуваат веќе постоечки договор за период од 24 месеци. Со самото поврзување на услугите, активација или продолжување на договорите, корисниците добиваат ексклузивна можност да направат комбинација со субвенциите кои следуваат за мобилните линии.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Продолжуваат новогодишните изненадувања од А1 Македонија

Подарок за сите А1 корисници секој ден до 30 декември преку апликацијата “Мојот А1”

Дознај повеќе
Card image cap

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до своите корисници

Согласно измените на Законот за данок на додадена вредност објавени во Службен весник бр.267/2020, се овозможува издавање на месечни сметки во електронска форма...

Дознај повеќе