02.07.2020

А1 Македонија со зголемен попуст за уреди за своите корисници на A1 Combo

Скопје, 1 јули 2020г.- Од денес, корисниците на фиксни и мобилни услуги во пакетот А1 Combo имаат можност да искористат попуст од 15.000 денари за купување на смартфон, телевизор, лаптоп или таблет.

Со започнување на летниот период и со зголемената потреба за уживање и забава во летните денови, А1 им овозможува на своите корисници да искористат поголем попуст за купување на уреди со кои ќе можат со леснотија да ги поминуваат летните денови во овие специфични услови. Со комбинирање на услугите за интернет за дома, телевизија и мобилна телефонија, корисниците имаат можност да креираат решение која најмногу одговара на нивните потреби. Имено, корисниците на А1 Combo добиваат попуст од 15.000 денари за купување на уред доколку склучат договор за фиксен пакет A1 Combo Neo 4M со вклучена една мобилна линија A1 Neo L. Истиот овој договор доколку се склучи online преку дигиталните платформи на А1, субвенцијата е 16.000 денари. Дополнително, со секоја наредна мобилна линија која се додава во пакетот, попустот за уред се зголемува.

Промотивната понуда можат да ја искористат сите приватни и бизнис корисници на пакетот А1 Combo, без разлика дали склучуваат нов договор, прават надоградба на пакет, спојуваат услуги или обновуваат веќе постоечки договор за период од 24 месеци. Со самото поврзување на услугите, активација или продолжување на договорите, корисниците добиваат ексклузивна можност да направат комбинација со субвенциите кои следуваат за мобилните линии.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Назад

Слични содржини

Card image cap

А1 Green call: Природата повикува, време е за рециклирање стари мобилни телефони и електронски уреди

Како компанија што во својата стратегија го инкорпорира дејствувањето за зачувување на животната средина во рамките на групациската програма ESG, А1 Македонија ја најавува A1 Green Call – најновата платформа за рециклирање и понатамошна реупотреба на стар

Дознај повеќе
Card image cap

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

А1 Македонија, членка на А1 Телеком Австрија Групацијата, операторот со најголем број корисници и најбрз мобилен интернет во земјата, лансира А1 Xplore ТV, телевизија на новата генерација...

Дознај повеќе