22.09.2022

A1 Academy

Како двигател на дигитализацијата и како компанија која е целосно посветена кон развојот и реализацијата на општествено-одговорни проекти, А1 Македонија ја најавува „A1 Academy“– иницијатива за неформално образование која на учесниците ќе им даде можност да ја реализираат својата пасија за учење и стекнување дигитални вештини.

“А1 Academy” е целосно бесплатна и дизајнирана за млади од 18 до 25 години кои сакаат да стекнат нови знаења во најатрактивните области на денешницата како што се Marketing automation, SEO, Google Ads, Data analytics, Digital entrepreneurship, IoT, неопходни за успешно напредување во нивната кариера.

“А1 Аcademy” е придонесот на А1 Македонија кон младите и заедницата за реално практикување на дигиталните вештини неопходни за современ и модерен живот. Ги ставаме на располагање нашата експертиза и практично знаење за сите учесници на Академијата со цел да стекнат доверба и вештини за активно обликување на подобар дигитален свет. Горди сме на оваа иницијатива од која младите луѓе ќе излезат со знаења пренесени од експерти во реалниот сектор со што ќе можат истите да ги применат во реалност веднаш. Ги охрабруваме сите млади на кои им е потребно детално познавање за Дигитален маркетинг, Бизнис аналитика и Дигитално претприемништво, да се пријават и да ја искористат можноста за обликување на својата идна кариера”, изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации.

Целосниот пакет курсеви кои ги нуди A1 Academy ќе понудат нова перспектива дури и за учесници кои немаат претходно познавање од областа во која се пријавиле. По завршување на секој модул од академијата секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.

Сите млади кои сакаат да бидат дел од A1 Academy и првиот модул – Digital Marketing, да се дообразуваат и да стекнат нови вештини и знаења, потребно е да пополнат апликација, достапна на следниот линк.

Апликацијата ќе биде отворена од 22 септември до 6 октомври, по што сите апликации ќе бидат детално разработени, а селекцијата ќе биде направена врз основа на мотивациско писмо, желбата и мотивот на кандидатите.

Академијата официјално започнува на 18 октомври 2022г. со првиот модул за Digital marketing, каде учесниците ќе имаат можност да ги научат основите на дигиталниот маркетинг, SEO, Google Ads, менаџирање на социјални медиуми и Meta Business Manager, менаџирање на е-мејл кампањи како и WordPress.

Предавачи на академијата ќе бидат врвни експерти, професионалци во својата област, кои се подготвени своето знаење да го пренесат со примери од практично искуство.

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет”.

Сите информации за академијата можете да ги најдете на официјалната веб страница на следниот линк.

Контакт за медиуми А1 Македонија:
Емилија Зографска
Корпоративни комуникации
тел. ++389 75 400505
e-mail: emilija.zografska@A1.mk

Назад

Слични содржини

Card image cap

Известување

А1 ги известува своите корисници дека на 25.07.2023г.  до 28.07.2023г. се планирани активности за унапредување на мрежата со цел усовршување на корисничкото искуство, поради што се можни прекини кај корисниците на мобилна технологија во реонот на Кичево..

Дознај повеќе
Card image cap

Известување

Ве известуваме дека на 19.07.2023 г. дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Гостивар. Имаше времен прекин на услугите за телевизија и интернет на DVB-C технологија...

Дознај повеќе