10.06.2020

Интервју со Петар Дамјановски

А1 Live Shop е пионир на новиот, дигитален начин на продажба во нашата држава.

А1 Македонија како компанија фокусирана кон дигитална трансформација на пазарот, но и премиум кориснично искуство постојано се стреми кон развој на концепти кои ќе го надградат корисничкото искуство, но и кои ќе внесат новитети и повисоко ниво на дигитализација. Кога ќе се спомне виртуелна продавница, се мисли на А1 Live Shop, воедно и единствена на пазарот која на корисниците им овозможува посебно и уникатно искуство на купување на услугите на А1 од удобноста на својот дом. Сепак виртуелната продавница и техничките можност кои ги нуди се намалува недостатокот на физички контакт и проблемот со социјално дистанцирање кој денеска е наша реалност.

Во разговор со Петар Дамјановски, Менаџер за управување со продажни канали за приватни корисници кој е дел од А1 тимот веќе речиси три години разговаравме за А1 Live Shop, но од поинаква перспектива, односно од идеја до реализација. Петар ни раскажа како течеа подготовките и како А1 тимот го надмина предизвикот за виртуелно менаџирање и виртуелна работа на еден ваков сложен проект.

Како дел од А1 Македонија веќе имавте можност да бидете дел од повеќе големи и важни проекти, меѓу кои и развивање на новиот концепт на продажните салони, но А1 Live Shop е нешто сосема поинакво и ново на пазарот, колку време течеа подготовките за овој проект?

Концептот за виртуелна продавница е проект кој се развива на групациско ниво, па така подготовките за овој концепт на ниво на А1 Групација започнаа уште во есен 2019 година, а во А1 Македонија првите планови беа развиени во јануари оваа година, но имплементацијата не беше започната. Со појавување на кризата со Covid-19, карактеристиките на овој продажен канал добија на поголемо значење. Купувањето од дома или од наша страна продажба на далечина почна да добива поголемо значење и очекувањата од онлајн каналите за продажба се зголемија. Со самото тоа, А1 Live Shop доби приоритет и започнавме со имплементација, се со цел корисниците да останат безбедни во своите домови, а сепак да ги добијат посакуваните услуги.

И покрај кратките временски рокови, но и други предизвици со кои се соочивме, успешно го затворивме проектот, па само после еден месец виртуелната продавница беше отворена, првично во тест околина, а за 10 дена и целосно видлива и достапна за корисниците.

Самата помисла да се работи на нешто ново е предизвик. Со кои предизвици се соочивте при подготовка на A1 Live Shop?

Нашиот главен предизвик беше овој релативно сложен проект, кој се реализира за прв пат во нашата компанија, па и во целата држава, да се имплементира во пикот на вонредната состојба, во време на строги огранижувања на движење во државата, но и надвор од неа. Официјалната имплементација ја започнавме на средината на март, само два дена после одлуката тимот на А1 Македонија да работи од дома, па за нас беше дополнителен предизвик да се имплементира овој проект од далечина или во вонредни услови. Уште од самиот почеток наш предизвик беа состаноците на проектниот тим, односно виртуелните состаноци и немање можност да седнеме сите на иста маса да ги разгледаме деталите за работа. Кога ги развивме сите детали, наш втор предизвик беше достава на материјали од Италија, Шпанија, Шведска, односно од речиси најпогодените градови во овие држава и делумно затворени и ставени во карантин. Согласно големината на просторијата се соочивме со рестрикции при работа, односно намален број на луѓе во просторија кои требаше да се погрижат за уредувањето и поставувањето на сите елементи во просторијата. Никогаш порано не сме се сретнале во вакви предизвици, ниту ние во А1 Македонија, ниту добавувачите и партнерите ангажирани во овој проект.

Целиот проект од почеток до крај беше голем предизвик, не само заради различните услови на работа, но и затоа што требаше да развеме концепт кој го нема во нашата држава и да бидеме лидери, односно да поставиме едно ниво за виртуелна продавница.

Подготовка на еден ваков проект сигурно бара експертиза од повеќе сектори, искуства од другите држави од А1 Телеком Австрија Групацијата и секако искуста од други индустрии каде што постои ваков модел. Во нашата држава виртуелната продавница е целосен новитет, па кои сектори и колку луѓе учетвуваа во целиот проект?

Речиси секој сектор од А1 Македонија, но и сектори од другите групациски компании дадоа свој придонес во рамки на проектниот тим. Главен координатор на проектот беше Управување со продажни канали - B2C.

Продажба во делот за организација на продажниот тим составен од млади ентузијасти кои го прифатија предизвикот во период на неизвесност да започнат нешто ново, дотогаш непознато на македонскиот пазар, маркетинг со дедицирана комуникации, уреди и продукти специфични за овој продажен канал, техника со изготвувањето на говорното и мрежно решени и негова имплементација, ИТ со поддршката во серверската инфраструктура и развојот на UX, дигитални трансформации со координацијата на развојот на A1.mk. Тука се и колегите од набавки со екстра ангажман во делот на изведба и испорака, правна и регулатива во делот на договори и секако корпоративни комуникации кои ни помогнаа да го афирмираме новиот продажен канал во рамки на компанијата.

Сите работевме на групациски концепт, но нашата идеја беше да бидеме малку поразлични од останатите виртуелни продавници и да имаме наши спефицични карактеристики. Организиравме обуки, креиравме нови процеси и процедури за работа, креиравме прилагоден модел за мотивација на вработените, координиравме и бевме на терен каде што беше потребно.

Со оглед на тоа дека виртуелната продавница е новитет, како за целата компанија, така и за корисниците, дали беа потребни посебни обуки за агентите кои се дедицирани да работат таму?

Да, А1 Live shop е првата виртуелна продавница во Македонија. А1 Македонија е компанија која воведува новини на нашиот пазар и е фокусирана кон дигитализација и премиум корисничко искуство. Кога се работи на нешто уникатно и ново претставува поголем предизвик, но и поголема мотивација и одговорност.

Пред да направат интерен трансфер и да бидат дел од продажниот тим на А1 Live shop, колегите имаа искуство со други продажни канали, па новиот предизвик го прифатија и максимално се ангажираа да ги поминат обуките кои беа специфични за овој канал. Тука зборуваме за обуки за IT апликации и други технички спецификации и за посебна обука како треба да се однесуваат пред камера. Тоа што е различно од „нормалната“, физичка продавница е што колегите кои се дел од овој продажен канал се видливи за корисниците цело време додека се на работа, па самото тоа е дополнителна одговорност во однесувањето дури и кога не се на линија со корисник.

Како корисниците го прифатија А1 Live Shop и кои се првите реакции кога ќе се стапат на линија со агентот?

Кога сите делчиња од мозаикот ќе бидат поставени на своето место, онака како што е планирано и согласно потребите и барањата на корисниците, позитивните резултатите се неизбежни.

Имавме одличен прв месец во кој А1 Live Shop ги надмина очекуваните резултати за 50%. Виртуелната продавница работи и во сабота, но и за време на карантинот кога другите продажни салони беа затворени. Среќен сум поради љубопитноста на корисниците, па согласно резултатите кои ги имаме до сега јасно е дека нашиот пазар сака новитети. Сакаат да бидат во контакт со колегите, да добијат детални информации за нашите услуги, но и преку виртуелната продавница да го намалат недостатокот на физички контакт и социјално дистанцирање кое го има во продавниците.

Благодарение на А1 тимот, можам да залучам дека завршивме одлична работа, а секако остануваме фокусирани на новитети во овој концепт како и проширување на услугите кои се нудат преку виртуелната продавница, но и капацитетот на вработени. На колегите од А1 Live Shop можам да им посакам да останат мотивирани и фокусирани и да продолжат со одличните резултати, затоа што тие се почеток на еден нов, дигитален начин на продажба.

Назад

Слични содржини

Card image cap

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до своите корисници

Согласно измените на Законот за данок на додадена вредност објавени во Службен весник бр.267/2020, се овозможува издавање на месечни сметки во електронска форма...

Дознај повеќе
Card image cap

Ѓорѓе Војновиќ

Главен извршен директор на Триглав Осигурување

Дознај повеќе