30.12.2021

Известување

Како компанија посветена да обезбеди премиум корисничко искуство и богати телевизиски содржини со најголем избор на дигитални и HD ТВ канали, А1 Македонија ги известува своите корисници дека од 18.01.2022 година ќе биде направена замена со неколку филмски канали.

Имено, ТВ каналот Cinestar TV ќе биде заменет со атрактивниот M1 Film, Cinestar Action and Thriller ќе биде заменет со M1 Gold, ТВ каналот Cinestar Premiere 1 ќе биде заменет со Cinemax 1 и ТВ каналот Cinestar Premiere 2 ќе биде заменет со Cinemax 2.

Cinestar ТВ каналите ќе бидат достапни на нови позиции во програмскиот распоред се до 31.1.2022, а после тој датум повеќе нема да бидат достапни како дел од ТВ понудата на А1 Македонија.

Новите канали ќе бидат додадени на истите позиции во програмскиот распоред како моменталните канали на Cinestar. Корисниците коишто нема да ги добијат новите ТВ канали, ќе треба едноставно да направат прескенирање на ТВ каналите.  

Назад