
А1 Македонија започнува финално тестирање на 5G мрежа
А1 Македонија со задоволство ја информира јавноста дека постави 5G мрежа во центарот на Скопје за финално тестирање, со што компанијата со најголем број корисници на мобилна телефонија и најбрз мобилен интернет е чекор поблиску до комерцијално воведување на 5G технологијата за сите корисници.
“Поставувањето на тестната 5G мрежа е уште еден доказ за нашата посветеност и стратешката определба за креирање и воведување најсовремени дигитални решенија, кои овозможуваат нови и напредни дигитални искуства на корисниците. Ова е само почеток на новата индустриската револуција, а 5G е горивото на кое таа работи. Продолжуваме понатаму со интензивни активности за што побрза имплементација на оваа технологија за комерцијална употреба”, изјави Методија Мирчев Извршен директор на А1 Македонија.
Новата 5G мрежа ќе овозможи поголема брзина и поголем капацитет, помала латенција и поголема мрежна покриеност во преносот на податоци за кои корисниците веќе и сега имаат реална потреба. Со ова финално тестирање достигната е брзина од 1Gbps за пренос на податоци, реализирано на мобилен телефон кој поддржува 5G мрежа.
За потсетување, A1 Македонија, кон крајот на 2019 година успешно ја заврши првата фаза на тестирање на 5G технологијата во лабораториски услови. Тестовите беа направени со комерцијални терминални уреди во географски ограничена реална средини и ги потврдија очекувањата и можностите на 5G технологијата во насока на остварување огромни брзини, многу ниски латенции и можност за поврзување на интернет на огромен број уреди, односно иновативни апликации на петтата генерација безжична технологија.
Новата генерација технологии, 5G, е веќе воведена во компаниите членки на А1 Телеком Групацијата и тоа во Австрија, Хрватска и во Бугарија.
НазадПоследни новости
-
А1 Македонија е првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што нуди SkyShowtime
17.03.2025 -
Известување
11.11.2024 -
Нови А1 Business Ultra тарифи за деловни корисници
01.11.2024 -
Позитивна порака од А1 Македонија го осветли Скопското кале
01.11.2024 -
50 % роденденски попуст за 5 години А1
01.11.2024
Слични содржини
М-р Маријана Димоска
akcija.com.mk е онлајн продавница која нуди широка палета од преку 20.000 производи за домаќинство, декор и мебел, по принципот “склопи сам“...
Дознај повеќе