10.09.2019

А1 Македонија го воведува “А1 Флекси” - флексибилен модел на работа

Скопје, 10 септември, 2019г. - А1 Македонија поставува нови стандарди во креирањето на начинот на работење за своите вработени и со гордост објавува дека го воведува флексибилниот модел на работа именуван како “А1 Флекси”.  

Со “А1 Флекси”, А1 Македонија ги урива границите на традиционалното работно време и место и се насочува кон својата цел, агилна компанија која на своите вработени им нуди флексибилен начин на работа создаден за подобар баланс на приватното време и времето поминато на работа.
 
Концептот нуди две категории и тоа: Flexi Тime, кој нуди флексибилност во времето на доаѓање и заминување од работа и Flexi Place, концепт кој на вработените им дозволува повремена работа од дома или од друга локација. 

„Флексибилното работење не е нов концепт на македонскиот пазар, но е прв пат една голема компанија како А1 Македонија да го воведе во својот начин на работење. “А1 Флекси” е голем чекор и предизвик за нашата компанија, но веруваме дека на нашите вработени ќе им овозможиме ново искуство и ќе им помогнеме да направат подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа“, вели Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.

Флексибилното работно време не го менува бројот на работни часови, туку само ја зголемува продуктивноста на вработените, а со тоа и им помага да направат подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа.

Со воведување на “А1 Флекси”, компанијата покажува дека е подготвена за организациска еволуција, преку интеграцијата на деловниот и приватниот живот, a за поголемо задоволството на вработените.


 

Назад

Слични содржини

Card image cap

Интервју со Иво Стојановски

Горди сме што А1 Македонија преку воведување иновaтивни решенија е двигател на дигитализацијата во нашето општество, со воведување на првата виртуелна продавница – A1 Liveshop, која нуди интерактивно, уникатно и единствено корисничко искуство. Очекуваме д

Дознај повеќе
Card image cap

Интервју со Емилија Зографска - Комуникациите не се факултативна опција туку потреба

На самиот почеток на прогласување на кризата А1 Македонија беше компанија, која иако голема по бројот на вработени , провајдер на едни од клучните услуги за граѓаните , сепак успеа веднаш да направи брз пресврт во работењето, да ги префрли вработените во

Дознај повеќе