09.07.2021

А1 Combo Box GO, едноставна комуникација од било кое место во Македонија

Дигиталното време и потребата од поврзаност, во секое време и од кое било место, ја наметнаа потребата од софистицирани, а сепак едноставни решенија кои ни овозможуваат уште полесно секојдневие. Дигитализацијата се повеќе зазема главно влијание, па така се наметнува и потребата за стабилен и брз интернет што овозможува непречена комуникација, но и навремено извршување на обрските што ги имаме. Новиот начин на работа ја прави дури и локацијата на нашата работа ирелевантна, се додека опремата која ја користиме ги поддржува условите за работа. На тој начин, честопати, покрај викендите за релаксирање, викендиците знаеме да ги користиме и како нашата нова канцеларија. Како до стабилен и брз интернет кога сте во викендица? Една од атрактивните понуди на пазарот за услуги на фиксна телефонија и интернет на А1 Македонија е и A1 Combo Box GO, производ кој е едноставен за користење, а воедно ги задоволува корисничките потреби за стабилен интернет.

Што е A1 Combo Box GO?

Combo Box Go e најбрзото решение кое овозможува интернет во викендици, камп и е наменет за сите корисници на кои им е потребен интернет во домот во одредени периоди од годината. Оваа услуга овозможува интернет конекција дури и во најдалечните места, каде има покривање на мрежата на А1 Македонија, а работи на 4G мобилната мрежа која е достапна насекаде во земјата. Користењето на оваа услуга е брзо и едноставно, без потреба на дополнителни кабли или пак инсталација во домот. Сѐшто е потребно е само да се вклучи во струја, по што корисникот може да активира некој од достапните интернет-пакети и да започне со сурфање.

За кого е наменета оваа услуга и кои придобивки ги имаат корисниците на A1 Combo Box GO?

Во денешно време не можеме да се замислиме па дури и еден час без социјални мрежи, сурфање, споделување слики или пак по некое селфи на стори . Оваа услуга одговара на потребата на корисниците кои имаат потреба од превремен, но сепак стабилен и брз пристап на интернет, додека уживаат некаде низ државата, дали било тоа на некоја планина во викендичка или пак на краток викенд покрај езеро.

Со А1 Combo Box Go корисниците добиваат едноставно решение, лесно за користење и поставка, како и лесна контрола на своите трошоци, бидејќи сите интернет пакети се еднократни, по чии истек автоматски се исклучуваат и нема можност за дополнителни трошоци.

Дополнително, претплатата на оваа услуга изнесува само 99 МКД/месечно, без вклучен интернет, а корисниците по индивидуална потреба можат да активираат некој од дополнителните интернет пакети кои најдобро одговара на нивните потреби, и тоа:

  • Дневен пакет (24 часа) од 5GB со еднократна доплата од 99 денари,
  • Викенд пакет (3 дена) од 20GB со еднократна доплата од 199 денари,
  • Неделен пакет (7 дена) од 50GB со еднократна доплата од 299 денари,
  • Месечен пакет (30 дена) од 100GB со еднократна доплата од 799 денари

За повеќе информации, посетете ја веб страницата www.a1.mk.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Програмирањето, начин да се поттикне креативноста, љубопитноста и да се тренира логичкото размислување

ИТ сферата сигурно е една од најбрзо растечките дејности иако во минатите години ова беше таканаречена машка професија, сега се повеќе жени и млади девојки ги разбиваат стереотипите и се пронаоѓаат себеси токму во информатичката технологија...

Дознај повеќе
Card image cap

Промената во начинот на размислување како клучен фактор за успешна Агилна трансформација

Во годишниот извештај за состојбата на Агилниот начин на работа - „12 Annual State of Agile Report“ е наведено дека кај 53% од компаниите моменталната организациона култура е во спротивност со агилните вредности...

Дознај повеќе