13.06.2021

Едукацијата и заштитата на децата на интернет еден од приоритетите на А1 Македонија

Со развојот на дигитализацијата, секојдневието поминато без интернет е скоро незамисливо. Не само возрасните туку и најмладите го користат во голема мера, поголемиот дел од нив за забава. Затоа, во последните неколку години се интенвизираше потребата да се едуцираат но и да се заштитат токму децата од опасностите кои ги демнат додека сурфаат на светската мрежа.

Оваа потреба ја препозна А1 Македонија која како компанија двигател на дигитализацијата во земјава, во 2018та година презема иницијатива и го креираше проектот „Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!". Вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци. Предавањата ги држат вработени во А1 Македонија, на волонтерска основа, со огромно искуство стекнато низ годините.

Со отворена работилница на која можеа да се приклучат сите заинтересирани и да го проследат предавањето за безбедно користење на интернет, на Меѓународниот ден на детето, 1ви јуни, заврши четвртиот циклус работилници од проектот „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!“ на А1 Македонија.

Проектот досега има опфатено 31 училиште низ целата земја, а едуцирани се повеќе од 2700 деца. Оваа година поради пандемијата работилниците се одвиваа онлајн, преку платформата на Teams.

Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието.

Назад

Слични содржини

Card image cap

На брановите на современите 5G трендови во мобилните комуникации

Не беше толку одамна времето кога комуникациските уреди беа исклучиво врзани со кабел за ѕидот, а автоматизацијата на процесите беше неизбежно поврзана со комплексни мрежи базирани на кабли... Во последните децении тенденцијата кон поедноставување и олесн

Дознај повеќе
Card image cap

Диверзитетот и инклузијата треба да бидат дел од културата на секоја компанија

Од каде баш сега темата за диверзитет и инклузија? Специфичните организациски култури силно влијаат на работните резултати. Во блиското минато работевме во работни средини кои се карактеризираа со социјална униформност

Дознај повеќе