
“Креираме заедно” – нов концепт во ерата на дигитализација
Во пресрет на воведување на новиот бренд , A1 како дел од А1 Телеком Австрија Групацијата промовира нов концепт на партнерство со корисниците наречен “Креираме Заедно” преку кој компанијата има интенција уште повеќе да ја зајакне релацијата со корисниците и да ги отвори вратите за заедничко креирање на нови продукти и услуги како и подобрување на постоечките кориснички искуства.
Мислењето , сугестиите и потребите на корисниците кои секогаш се на прво место за компанијата, преку овој концепт ќе добијат директен глас и влијание врз креирањето на портфолиото од продукти и услуги, со што се создава уште поцврста врска чија основа се креативноста и довербата.
Во рамките на овој концепт веќе се одржаа работилници во кои со методологијата design thinking заинтересирани A1корисници учествуваа во неколку групи кои ги отсликуваат различните кориснички целни групи на телекомуникацискиот пазар и ја добија можноста да ги искажат своите ставови и да дадат соодветно аргументирани предлози за нови продукти и услуги.
Од одржаните работилници произлегоа двете уникатни понуди кои A1 веќе ги спроведе во своето портфолио и тоа, E scooter – предлогот од групата, составена од млади и студенти е понудата која предизвика огромно внимание и побарувачка E scooter и Smart Home – продуктот кој произлезе како предлог од групата која ги застапуваше интересите на едно просечно македонско семејство.
Концептот “Креираме заедно” е уште еден доказ дека A1, како дел од А1 Телеком Австрија Групацијата оди чекор понатаму во воспоставувањето на релациите со корисниците, се со цел заеднички да создаваат продукти и услуги по мерка со цел да ги задоволат и најпребирливите телекомуникациски потреби на корисниците
НазадСлични содржини
М-р Маријана Димоска
akcija.com.mk е онлајн продавница која нуди широка палета од преку 20.000 производи за домаќинство, декор и мебел, по принципот “склопи сам“...
Дознај повеќе