06.04.2021

Новите A1 Business тарифи за целосно комуникациско решение за секој бизнис

Интервју со Ева Маѓар - Постар специјалист на маркетинг за деловни корисници

А1 Македонија неодамна го лансираше новото портфолио производи и услуги за деловни корисници кое нуди комплетно телекомуникациско решение за сите компании. Со ова портфолио, компанијата воведе нови А1 Business пост пејд тарифни модели за мобилна телефонија и фиксни услуги, со исклучителни поволности дизајнирани да овозможат уште поголем избор и повеќе вредност со цел да се пресретнат комуникациските потреби на корисниците од корпоративниот сегмент. Неограничени разговори, вклучена комуникација во странство, неограничен интернет со 6 месеци без претплата за фиксните услуги се само дел од бенефициите во A1 Combo Business.

Кои тарифни модели се воведени и кои поволности ги добиваат корисниците?

Evo

Воведовме тарифни модели за мобилни комуникациски услуги со вклучени неограничени разговори/СМС, промотивно зголемен интернет сообраќај, вклучен сообраќај за комуникација во странство и атрактивни субвенции за нов уред. Потоа, воведовме нови фиксни тарифни модели со неограничен интернет, поголеми брзини, вклучени разговори дома и во странство.

Со комбинирање на мобилните и фиксните услуги според потребите на корисниците овозможуваме целосно комуникациско решение за секој бизнис. Со A1 Combo Business корисниците добиваат дополнителни бенефити како: попуст на месечната претплата на мобилните и фиксните услуги, дополнителен износ на субвенција и атрактивната промоција со 6 месеци без претплата на фиксниот дел.

Според твоите сознанија, што е тоа што им е најпотребно на бизнис корисниците во ова време на пандемија?

Контрола на трошоци, стабилна услуга, флексибилност во начинот и местото на извршување на работните обврски се дел од најновите потреби на бизнис корисниците. Со новото A1 Business портфолио го овозможуваме сето ова, дури и повеќе. Како поддршка на бизнис заедницата во овој специфичен период и во насока на намалување на нивните трошоци ја креиравме и промоцијата 6 месеци без претплата на фиксниот дел во A1 Combo Business!

Колку долго го подготвувавте и како изгледаше процесот на неговата подготовка?

Подготовката траеше неколку месеци. Почнувајќи од формирање на предлози, brainstorm-ирање, анализирање на потребите на корисниците како и будно следење на моменталната ситуација со ковид 19. Навистина беше предизвик да се дојде до вистинската слика во која се наоѓа бизнис заедницата во овој период и соодветно да се одоговри на нивните потреби. Но, со добра анализа и внимателно одбрани алатки дојдовме до портфолио кое ќе ги задоволи вистинските потреби дури и во специфични услови.

Дали се соочивте со некои предизвици можеби за време на креирањето на портфолиото?

Како прв и најголем предизвик, секако дека е работењето во специфични услови каде повеќето колеги сме дома. На сите ни е познато дека не е едноставно да се остваруваат работните задачи во домашното опкружување. Истрајноста, посветеноста, добрата организација, тимскиот дух и желбата не’ доведоа до нашето прво A1 Business портфолио на кое сме особено горди Секако, тука би нагласила дека низ целиот процес на креирање на новото портфолио имавме комплетна поддршка од колегите од другите оддели кои покажаа професионалност и посветеност.

И за крај, би сакале да не запознаеш со тимот кој стои позади новото портфолио за бизнис корисниците?

Секако. Тимот кој неуморно работеше во подготовката на првото A1 Business портфолио во овие специфични услови е: Јасмина Ацковска, Катерина Павловска, Софија Шутарова, јас и колешката од B2C за SOHO Business корисници Сања Донева. Сето ова не ќе беше возможно без поддршката од нашиот претпоставен Небојша Богоевски.

Со оваа понуда во бизнис сегментот А1 Македонија ја зацврстува својата заложба за креирање иновативни понуди и решенија кои одговораат на најразличните и најспецифични комуникациски потреби по мерка на деловните корисници.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Дигитализацијата донесе нови можности за комуникација со корисниците и вработените на А1 Македонија

Корпоративните комуникации отсекогаш играле важна улога во одржување на влијанието на компанијата на пазарот, репутацијата надвор, но и внатре во компанијата, градење и одржување на културата на компанијата и ангажманот на вработените.

Дознај повеќе
Card image cap

Програмирањето, начин да се поттикне креативноста, љубопитноста и да се тренира логичкото размислување

ИТ сферата сигурно е една од најбрзо растечките дејности иако во минатите години ова беше таканаречена машка професија, сега се повеќе жени и млади девојки ги разбиваат стереотипите и се пронаоѓаат себеси токму во информатичката технологија...

Дознај повеќе