02.04.2021

Интернетот не е само игра

А1 Македонија четврта година по ред продолжува со едукативните предавања за безбедно користење на интернет, како дел од проектот „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!“. Програмата е наменета за најмладите, а предавачите, вработени во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци. Поради условите во кои се одржуваат часовите во училиштата, оваа учебна година работилниците се одвиваат онлајн, преку платформата на MS Teams.

Разговаравме со тројца наши колеги кои веќе четврта година по ред несебично одвојуваат време за да предаваат на децата од 4-то одделение: Наташа Бошковска, Тим лидер на тим за телефонска продажба, Златица Думиќ, Координатор за безбедност при работа и заштита од пожар и Катерина Ѓорѓиева, Специјалист за квалитет и знаење на службата за корисници.

Четири години по ред сте волонтери во проектот “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно”. Што е тоа што ве мотивира секоја година да сте дел од него?

klikaj bezbedno

Наташа – неисцрпни одговори за ова прашање...Нема поголема инспирација од тоа кога ќе видите детски очи желни за учење кои се излезени од секојдневната матрица на образованието. Нема поголем поттик кога ќе ги слушнете нивните прашања, идеи и заклучоци. Едноставно, одличен проект и исполнителни деца се доволни за мотив.

Катерина – Тоа е една позитивна енергија која се создава, во една преубава атмосфера. Секое предавање е посебно, различно и интересно. Една иста тема, но различни размислувања, секогаш проследени со смеа и интересни прашања. Нема ништо поубаво од тоа кога успеваш да ги насочиш и заинтересираш, а воедно учествуваш во еден ваков успешен проект.

Златица - Децата се несомнено најголемата мотивација. Нивниот интерес, желбата за нови знаења, нивните откритија запознавајќи се со модерниот начин на живот не поттикнуваат да се вложиме себеси и да ја доловиме најдобрата слика во нивните очиња. Ова е еден прекрасен проект на А1 и горда сум што сум дел од оваа убава приказна.

Оваа година предавањата се одвиваат онлајн, преку платформата на Teams. Дали е потешко да им се пренесе знаењето на овој начин?

klikaj bezbedno

Златица - Децата се толку способни, напредни и спремни и слободно можам да кажам дека како оди технологијата напред и тие одат заедно со неа. Не би рекла дека е тешко да се предава онлајн, но недостасува интеракцијата и дружењето со нив во нашите прекрасни простории, сепак физичкото присуство мене лично ми недостасува. Најважно од се е што успешно се реализира проектот и во вакви услови.

Наташа – Двата начина имаат предности. Учењето на далечина е нестандарден начин на учење и реално е новитет за сите нас. Но, досегашните онлајн предавања ни покажаа дека програмата успешно се спроведува и дека вештините кои ги поседуваат децата ни помагаат да ја реализираме нашата цел.

Ние им благодариме на колешките што одвоија време да ги споделат со нас нивните импресии и искуства од досегашните предавања, и ги охрабруваме сите кои сакаат да бидат дел од овој проект да не контактираат на маилот на Корпоративни комуникации Corporate.Communications@A1.mk

Какви се вашите искуства до сега и каков е фидбекот што го добивате од учениците?

klikaj bezbedno

Катерина – Да бидам искрена, секое искуство е позитивно. Децата со внимание следат, одлично го делиме знаењето, позитивна комуникација. Моментот кога децата сакаат да споделат што знаат и што научиле, е незаменлив, посебно ми е драго кога со насмевки се поздравуваме на крајот.

Златица - Моите искуства се одлични, децата со својот интерес и разговор допринесуваат да се чувствувам корисно, убаво, всушност каков што е и нашиот проект.

Дали дечињата на оваа возраст имаат некакво познавање за интернетот и дали се свесни за можните опасности?

Наташа – теренот како и статистиките, покажуваат дека учениците на оваа возраст имаат завидна дигитална писменост. Свесни се за одредени можни опасности, но мислам дека опфаќаме идеално време за доедукација за потенцијалните ризици.

Катерина – Како што кажа и Наташа, во идеално време ги доедуцираме. Имаат завидни познавања, но не се доволно свесни. Затоа овие предавања, се добра насока, како да бидат заштитени.

За крај, што сметате дека е најдоброто во овој голем проект на А1 Македонија?

Наташа – целиот проект е од голема важност. Она што мене ми остава најголем впечаток е тоа што преку содржината на проектот ги охрабруваме децата адекватно, свесно и навремено да реагираат и бараат помош од возрасните. Преку проектот го запознавме детето со конкретни чекори (мерки за заштита) кои е потребно да ги преземе во случај на непримерни содржини или други негативни искуства. Да не заборавиме, овие правила важат и за возрасните.

Златица - Овој проект и те како е важен и погоден за оваа возраст на деца. Содржината која ја презентираме е од огромна важност за нивната безбедност, секако се сложувам со мојата драга колешка Наташа дека и за возрасните е повеќе од потребна.

Катерина – Целта на проектот е да ги насочиме, да им покажеме, да им помогнеме да научат што значи да си безбеден на интернет. Како да се заштитат, од содржини кои се објавуваат на интернет, и не само содржини, од можните темни страни на интернетот. Најдоброто од се е што оставаме траг, децата учат, а воедно ја будиме и свесноста на возрасните околу нив.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Новите A1 Business тарифи за целосно комуникациско решение за секој бизнис

Интервју со Ева Маѓар - Постар специјалист на маркетинг за деловни корисници

Дознај повеќе
Card image cap

Патувајте со мене во светот на A1 Future Hub

Ана Умерова, Експерт за човечки ресурси

Дознај повеќе