30.07.2019

Наташа Ставревска: “Сакам да придонесам во секоја приказна, која е дел од A1“

Наташа Ставревска, дипломиран економист на отсекот Е-бизнис, на Економскиот факултет при универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, полека, но сигурно ја гради својата кариера во телекомуникациската компанија A1, во одделот за маркетинг.

Нејзината желба за учење и подготвеност за нови предизвици, е тоа што ја носи до целта, па така, од пркатикант, за кратко време стана вработена во A1. Покрај професионалниот ангажман и посветеноста за постојано учење и напредување, Наташа сака да патува, а препознатлива е и по добрата смисла за хумор.

Мојата приказна со A1

Нема жител во земјава, којшто не знае за компанијата A1. Во моите студентски денови, кога како на секој еден млад човек кој живее од џепарлак и му треба брза и исплатлива комуникација, најдобар избор беа услугите на A1. Станав пост пејд корисник и уште оттогаш, од блиску, почнав да се запознавам со компанијата и нејзината работа. Ми стануваше многу примамлива дестинација за вработување, бидејќи кога и да имав потреба, комуницирав со вработени. коишто без исклучок имаа професионален однос кон мене, како корисник. Ме фасцинираше нивната подготвеност да одговорат на секое мое прашање и дилема што ја имав за услугите, внимателно ги следев сите кампањи и активности. Откако дипломирав, веќе  бев подготвена за предизвик и сакав својот професионален пат да го започнам во компанија, во којашто младите имаат можност за учење и напредок. A1 ми ја пружи таа можност. Сега сум сигурна, дека сум на вистинското место, каде што постојано учам и се надградувам, не само на професионален, туку и на приватен план. Среќна сум што ја пишувам својата приказна во една од најголемите компании во нашата држава.

Зошто A1?

Бидејќи е интернационална компанија која функционира според светски стандарди и нуди голема можност за учење и напредување. Тоа е големо семејство, распространето во 7 земји, со 19 илјади вработени. Компанија, којашто нуди можност за развивање и градење кариера, не само во локални туку и во меѓународни рамки. Можноста ја имаме сите ние , но сепак зависи од самите нас, како и колку ќе ја искористиме. Колегите не се штедат да ја споделат својата експертиза и знаење, па затоа работењето со нив е вистински предизвик и задоволство. Сакам да придонесам во секоја приказна, којашто е дел од A1.

Го изоде патот од практикант до вработен. Која е разликата помеѓу овие две позиции?

Започнав како практикант во одделот за Маркетинг Комуникации. Девет месеци бев практикантка и тој период бев целосно насочена кон учење, преку различни проекти и кампањи: запознавање со системот, координација со колегите од тимот и другите оддели, комуникација со маркетинг агенции, организирање на работното време, водење на состаноци.

Навистина можам да кажам дека работите ќе беа потешки доколку ја немав поддршката од страна на целиот тим со кој работев, кој со својата посветеност, трпение, несебичност и внимание, ми помогнаа брзо и лесно да се адаптирам во новата средина. Драго ми е што како практикант имав право на глас и на споделување на идеи, не само што бев вклучена во сите активности на мојот оддел, туку и активности во самата компанија.

Сега, како вработена во A1, не само што имам поголема одговорност, туку и конечно добив можност да го применам своето знаење, коешто го стекнав изминативе девет месеци. Со оглед на тоа што обемот на работа е зголемен, почнав да работам на поголеми проекти и кампањи.  Работата е динамична, секој ден носи нова приказна, а ние работиме тимски и се грижиме за нашите корисници.

Што е следно?

После исполнување на една, си поставувам нова цел. Ме очекуваат уште поголеми и посериозни проекти, а јас сум подготвена да работам напорно и да постигнам одлични резултати.

Назад

Слични содржини

Card image cap

А1 Македонија – домаќин на А1 Дигитална конференција 2019!

Скопје, 15 октомври 2019 г. – На тема „Дигитализирај го твојот бизнис: Обликувај ја иднината! Европските искуства во Македонија“, денес А1 Македонија беше домаќин на А1 Дигитална конференција 2019, на која бизнис-заедницата имаше можност да ги слушне најн

Дознај повеќе
Card image cap

А1 Македонија го воведува “А1 Флекси” - флексибилен модел на работа

А1 Македонија поставува нови стандарди во креирањето на начинот на работење за своите вработени...

Дознај повеќе