26.03.2021

Одржливиот начин на работење e стратешка определба, а не факултативна активност на компaниите

Општествената одговорност или интернационално позната како CSR (corporate social responsibility) е практика која долги години компаниите на светско ниво ја применуваат во различни сегменти. Грижа за околината и општеството, датираат уште од многу одама. Подрршка на каузи кои помагаат за општото добро од страна на компаниите преку донации, фондации, волонтеризам, соработка со здруженија и невладин сектор, се забележуваат уште во најраната фаза на индустријализацијата. Во 1899 година, познатиот челичен магнат, милијардерот Енру Карнеги ги поставува темелите на корпоративната филанторпија со објавување на “Gospel of welth” во кое истакнува дека деловните субјекти и богатите индивидуи се чувари на своите средства со цел да истото биде исползувано од општеството како целина. Но, во тоа време филантропијата била повеќе исклучок отколку правило, додека пак денес општествената одговорност е нешто без кое работата на една компанија не може ниту да се замисли. Истата оди дотолку погоре во приоретизацијата од страна на комапниите, што се претвара од “убаво нешто да се направи” во неопходност за успешен бизнис.

Зошто и кому му е денес важен тој одржлив начин на работење?

Изминатите години се повеќе се актуелизираат теми од општествено значење како што се климатски промени, грижа за животната средина, родова, расна и верска еднаквост. Од “buzz words ” кои ги слушаме години наназад, денес овие теми се алармантни бидејки податоците за статусот на овие теми е загрозувачки. Светот може да остане без дождовни шуми во 2100 година, без храна во 2050 година, без риби во 2048 година и без вода во 2040 година. Понатаму, 29% од жените, во споредба со само 15% од мажите, веруваат дека нивниот пол ќе биде пречка за напредување во иднина. Ваквите податоци го притискаат копчето за паника кај секоја една единка на земјата планета.

Но, она што на сите нам ни влева оптимизам е дека активното вклучување на сите членови во општеството можат да помогнат во подобрување на заедницата во која живееме, зачувување на земјата планета и нашата иднина на неа. А токму овде, клучен фактор се комапниите како деловни единки во општествата во кои функционираат.

Обединетите нации имаат поставено 17 цели за одржлив развој со цел да бидат патоказ во светски рамки, каде државите да го насочуваат своето одржливо работење за подобра иднина на сите нас. Покрај државите, и деловните субјекти ги поставуваат своите иницијативи за одржливо работење токму во правец на остварување на овие цели.

Компаниите и начинот на кој што работат, како ги извршуваат процесите, какви производи и услуги им нудат на корисниците, и како истите влијаат на околината сега се се почесто под лупа. Се повеќе расте свеста кај луѓето околу импактот кој можат да го имаат големите компании во светот и токму затоа корисниците очекуваат од нив да се прилагодат на новите промени кои се случуваат. Колкав е процентот на емисија на штетни гасови, какви извори на електрична енергија користат, како го складираат отпадот, дали рециклираат, колку инвестриаат во развој на заедницата, кој е содносот на жените во компанијата, дали компанијата се грижи за општеството, се се почесто дел од прашањата кои корисниците ги поставуваат пред носење на куповна одлука. Со ова, исчекорот во одржливиот начин на работење, компаниите пред се го практикуваат поради самите корисници кои тоа го очекуваат и бараат од компаниите од кои купуваат или користат производи и услуги.

Но, не се корисниците единствено заинтересирани за оваа тема, туку и вработените. Постоечки и потенцијални. Одржливиот начин на работа ја качува корпоративната слика на компанијата едно скалило погре во очите на вработените. Дополнително, новата генерација Z која претставува идната работна сила, се повеќе се грижи за климатските промени и животната околина во целост, а со тоа и одржливоста на компаниите е важен критериум при избор на ново работно место помеѓу младите.

Одржливиот начин на работа во A1 Телеком Австрија Групацијата и А1 Македонија

Уште од самите почетоци на компанијата, општествената одговорност е дел од нашето оперативно работење, но од минатата година ESG (environmental, social and corporate governance) е дел и од нашата стратегија, вклучен во талисманот во кој е прикажана стратегијата на А1 Групацијата.

 

ESG се залага за животната средина, социјалното и корпоративно управување и ја отелотворува одговорноста што компаниите, кои се дел од А1 Групацијата, преку своите активности ја носат внатрешно и во нивното опкружување. А1 Телеком Австрија Групацијата е свесна за оваа одговорност и затоа поставува специфични цели за животната средина, општеството и нејзините луѓе. A бидејќи ESG е поставена како еден од стратешките овозможувачи на компанијата, темата е цврсто втемелена во стратешките одлуки. На тој начин, А1 Телеком Австрија Групацијата има за цел да постигне поефикасен, а со тоа и поодржлив начин на работа и живеење. Покрај тоа, компанијата ги смета овие иницијативи како двигатели на долгорочна вредност со не само еколошки и социјални придобивки, туку и економски предности.

 

Како дел од амбициите на А1 Групацијата во рамките на ESG проектот, компанијата ги постави следните цели:

Климатски и амбиции за животна средина 2030 година

  • Достигнување на нето неутралност на јаглерод диоксид со намалување на емисијата на штетни гасови и постепено префрлување на енергија од обновливи извори
  • Долгорочна цел за зголемена енергетската ефикасност за 80% во споредба со 2019 година.
  • Промоција на циркуларната економија во компанијата: Рециклирање на околу 50.000 стари уреди годишно

Социјална амбиција 2023 година

Амбиција за корпоративно управување 2023 година

Да се зголеми процентот на жени на раководни позиции над 40% и да се подигне и одржи процентот на жени во компанијата над 40%.

Да се одржи најдобрата практика и надворешно сертифициран усогласен систем за управување со цел да се заштити интегритетот и доверливоста на А1 Телеком Австрија групацијата

А1 Македонија како дел од А1 Групацијата ги спроведува овие иницијативи на локално ниво. Но, и во нашата земја, активностите на А1 Македонија не започнуваат со воведувањето на ESG во нашата стратегија. Напротив, низа активности за грижа за околината се спроведени од страна на нашата компанија изминатите години.

Во сегментот на социјалното управување и грижа за заедницата, во февруати 2018 година во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонијав го започнавме проектот „Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!" , програма наменета за четвртоодделенците, со која вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци. Истиот досега има опфатено 25 училиште ширум земјата и едуцирано повеќе од 2200 деца на таа возраст. Поради условите во кои се одржуваат часовите во училиштата, оваа учебна година работилниците се одвиваат онлајн, преку платформата на MS Teams.

Едукативната програма „Интернетот не е само игра...Кликај безбедно“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија.

  • едукација на над 100.000 луѓе - особено фокусирани на деца и млади – во сегментот на дигитална писменост. Да им се даде на луѓето доверба и вештини за активно обликување на дигиталните светови.
  • ISO 14001:2015 - Сертифицирани сме според систем за управување со заштита на животна средина
  • Видео состаноци - Со цел да придонесеме кон намалување на емисијата на штетни гасови во воздухот, службените патувања ги заменивме со видео состаноци преку дигитални алатки
  • Електрични тротинети - имаме на располагање 10 електрични тротинети со што ги поттикнуваме колегите да ги користат за пократки релации и состаноци
  • Управна зграда - енергетски ефикасна, изградена по сите стандарди, со потполно функционален HVAC систем
  • Plastic free - Ја прекинавме употребата на хартиени и пластични чаши и пластични галони за вода на сите работни локации на А1 Македонија – секој вработен доби стаклено шише за вода
  • Селектирање на отпад - Во управната зграда имаме вкупно 30 контејнери за селекција на отпадниот материјал: хартија, пластика и останат материјал
  • Специјална процедура која ги дефинира правилата за селектирање отпад. Склучен е договор со две компании за електронски отпад, еден кој вклучува рециклирање и продажба на отпад од метал, алуминиум и дрво и втор кој вклучува селектирање отпад од батерии и електрични апарати
  • Селектирање електричен и електронски отпад - При селењето во новата зграда, во 2018 година организиравме активност каде вработените во посебни кутии ги селектираа сите електрични и електронски уреди кои не се веќе во функција, а сите стари компјутери и лаптопи беа донирани
  • Велосипеди - Преку 150 колеги го користат велосипедот како основно превозно средство, па со цел заштита на нивните велосипеди обезбедивме посебен дел за паркинг за велосипеди во гаражата од управната зграда
  • ECO BUS - Го лансиравме проектот А1 за околината, каде во почетокот на 2020 година организиравме ЕКО автобус, организиран превоз за вработените во А1 Македонија во Скопје
  • Еко активност Часот на планетата земја - Секоја година се вклучуваме во Часот на планетата земја, со цел да ја подигнеме свеста за климатските промени
  • E-bill - Го промовираме користењето на апликацијата Мојот А1 и електронското плаќање на сметки со цел да ги намалиме трошоците. Над половина од фактурите кои ги издаваме се доставуваат бесплатно преку електронски пат – сме заштедиле 20% хартија во споредба со 2019 година
  • Базни станици - Работиме на адаптација и имплементација на хибридни модели на напојување на нашите базни станици. Освен базната станица Добреноец која работи на сонце, батерии и дизел генератор, работиме на реконфигурација и на другите базни станици со цел намалување на CO2 и заштита на животната средина. Воедно е во процес и електрификација на локација Малино, која работи во режим на агрегадска подршка преку цела година.
  • Ниско-ефикасни клими - Ги заменивме старите ниско-ефикасни клими во теренски регионални транспорни центри со високоефикасни и економични клима системи со цел заштеда на електрична енергија потрошена на климатизација и зголемување на стабилност на мрежа

Назад

Слични содржини

Card image cap

А1 Македонија го претставува “Славчо”, првиот и единствен четбот на албански јазик во регионот

– А1 Македонија со задоволство ја најавува најновата и усовршена верзија на виртуелниот експерт базиран на вештачка интелигенција - „Славчо” отсега и на албански јазик...

Дознај повеќе
Card image cap

А1 Македонија по повод Меѓународниот ден на детето

Отворен онлајн час за сите заинтересирани за безбедно користење на интернет

Дознај повеќе