15.02.2018

Известување за корисници

Ве известуваме дека поради дефект на генератор, дојде до неочекуван прекин на услугите од техничка природа во градот Кичево, Македонски Брод и општина Дебарца, при што имаше времен прекин на мобилните и фиксните услуги. Прекин на мобилни услуги, интернет, телефонија и ТВ на WADSL и DVBT технологија почувствуваа корисниците во градот Кичево и Македонски Брод, додека прекин во DVBT услуги имаа корисниците од општина Дебарца. По интервенција на стручните екипи на Вип сите услуги се вратени во нормална функција. Благодариме на корисниците за разбирањето.

Назад