01.09.2020

Роденденски понуди од А1

Компанијата А1 Македонија одбележува 1 година присуство на брендот А1 на македонскиот пазар. Во периодот од една година компанијата воведе низа дигитални алатки, телекомуникациски производи и услуги, со кои корисниците добија уште повеќе бенефиции и полесен пристап до дигиталниот начин на живеење. Во таа насока се креирани и новите роденденски понуди за фиксни и мобилни услуги.

Водени од целта да креираат паметни решенија за поедноставување на секојдневието на своите корисници, А1 Македонија креираше ново А1 Combo портфолио кое од една страна ги инкорпорира сите фиксни и мобилни услуги во едно, а од друга страна им овозможува флексибилност на корисниците при селектирање на поединечните услуги во пакетот. Имено, со новото А1 Combo корисниците имаат:

Дополнително, за сите активации и обнови на новите A1 Combo пакети корисниците можат да искористат субвенција за купување на уреди и истата да ја искомбинираат со субвенцијата од мобилните линии. Корисниците можат да изберат еден од препорачаните А1 Combo пакети или да го креираат својот А1 Combo пакет согласно своите потреби преку онлајн калкулаторот на www.a1.mk.

Покрај новото А1 Combo, А1 по повод својот прв роденден направи и надградба на своето мобилно портфолио и покрај веќе постоечките Neo S, M, L и XL и Neon тарифи воведе нови тарифи Neo M+ и Neon + кои се креирани согласно барањата на корисниците и нудат исклучително високи волумени на мобилен интернет од 30 GB, поголем буџет за набавка на уред како и нова функционалност за размена на зачуваниот мобилен интернет во A1 Net Sef за дополнителни бенефити. Од сега, корисниците кои ќе склучат договор во некоја од новите Neo+ и Neon+ тарифи и сочуваат доволно мобилен интернет во А1 Net Sef ќе можат доколку сакаат да ги заменат сочуваните гигабајти за дополнителни бенефити: пакети интернет во роаминг и пакети минути кон странство.

Размената на пакети во роаминг може да се направи за 30GB од Net sef за пакет А1 Roam Surf XL со 2GB Интернет во роаминг, 50GB од Net sef за пакет А1 Roam Surf XXL со 5GB Интернет во роаминг и 100GB од Net sef за пакет А1 Roam Surf 10GB со 10GB Интернет во роаминг, за роаминг услуги валидни во 25 земји како и и можност за размена на 40GB од Net sef за пакет А1 Roam Surf М со 200MB Интернет во роаминг валидни во 50 земји. Размената на пакети за разговори со странство може да се направи со 30GB од A1 Net Sef за пакет 100 минути кон странство и 50GB од Net sef за пакет 200 минути кон странство. Овој вид на користење на гигабајтите како еден вид валута за размена на други услуги, кој е новина не само на македонскиот пазар туку и на европскиот, им дава целосна слобода на корисниците да управуваат со своите пакети и да креираат решенија согласно нивните потреби. Оваа опција за размена е достапна за тарифните модели A1 Neo M+, L и XL исклучиво преку апликацијата Мојот А1 каде корисниците можат сами да направат размена на неискористениот интернет со друга услуга.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Интервју со Димитар Димитров

Остануваме фокусирани на дигитализација на нашите услуги и обезбедување на премиум корисничко искуство за нашите корисници.

Дознај повеќе
Card image cap

Интервју со Емилија Зографска

Drive-in кината се враќаат на голема врата токму заради пандемијата

Дознај повеќе