25.04.2019

Известување

Следејќи ги потребите на своите корисници, Вип ја освежува својата понуда на ТВ канали достапни во своето портфолио, а со цел за подобрување на условите на нашите корисници.

Збогатувањето на ТВ каналите започнува на 9ти мај 2019, Вип најнапред го прави во делот на Vip TV Lite понудата со додавање на каналите Top и Klan од платформата на Digitalb. 

Понатаму, на 25ти Мај, корисниците на Vip TV ќе имаат за можност за прв пат да ги следат каналите BBC First канал со високо квалитетна британска драма како и каналот TDC кој што ќе ги нуди најновите турски наслови достапни на македонски и албански јазик. Дополнително музичкиот канал Stop TV ќе биде заменет со соодветен музички канал Balkan Music, додека каналот FTV со Fashion Television. Промена ќе има и кај каналите на Digitalb платформата со тоа што Koha Vision, TVSH I Film Hits ќе бидат заменети со соодветните Klan Plus, ABC News I Euro Film. Дополнително, се додаваат и два нови канали од Digitalb – Tribuna channel и Star Plus TV.

Поради се почестите проблеми со ре-емитувањето каналите HRT1, HRT3, RTCG Sat, Atlas TV I Stop TV ќе бидат отстранети од ТВ листите.  

За оние корисници кои што автоматски нема да ги добијат каналите, потребно е да ги прескенираат своите ТВ приемници.

Prapa