A1 Секретарка


A1 секретарката е едноставна и пред сè корисна услуга за примање и чување на гласовни пораки. Oваа услуга Ви е автоматски вклучена и можете веднаш да почнете да ја користите. Бидете секогаш на дофат на Вашите пријатели дури и во моментите кога сте недостапни, кога не сакате да одговорите или пак веќе разговарате со други соговорници. A1 секретарката за Вас прима пораки, Ве известува по пат на SMS за нивното пристигнување и ги чува, а Вие избирате кога ќе ги преслушате.

Пристап на A1 секретарката

На својата A1 секретарка можете да пристапите на три начини за да ги преслушате примените пораки:

  • Едноставно јавете се на телефонот: 077 1222, +389 77 1222 или само на скратениот број 1222 (ако се јавувате од A1 мрежата)
  • Притиснете го копчето 1 (задржете подолго) ако Вашиот телефон поддржува автоматски повик кон A1 секретаркатa. Кај некои телефони може да биде и некое друго копче.
  • Во менито на мобилниот телефон одберете ја A1 секретарката. За да можете да ги користите автоматските начини на повикување на A1 секретарката морате претходно со помош на упатствата за користење на Вашиот мобилен телефон, под опцијата Говорна пошта да го впишете бројот +389 77 1222. Во зависност од типот на апаратот и од јазикот, Говорната пошта може да се вика Гласовна пошта, Voice mailox number, voice mail и слично.

 

Прв повик кон A1 секретарка

  • При првиот повик кон A1 секретарката ќе пристапите кон поставување на основните поставки за јазикот и поставувања на Вашата порака. Нагодувањата за Вашата A1 секретарка можете да ги одредите по пат на менито за поставување на порака и тоа поставувања на Лична порака, Порака за отсутност, Системска порака, Лично име итн. Одредувањето на наведените поставки е едноставно и трае кратко. Помош Ви е достапна секогаш со притискање на копчето 0. Ви препорачуваме уште во текот на Вашиот прв повик кон A1 секретарката да ги одредите нејзините основни поставки. За промена на сите поставки за A1 секретарката јавете се на 1222 при што повикот е бесплатен.