Новогодишно
изненадување

Подарок за сите А1 корисници преку Мојот А1

Правила за доделување подароци во Новогодишната кампања под името „Отвори го своето изненадување“ за 2020 година

Основни информации

Новогодишната кампања што ја приредува А1 Македонија, ги опфаќа постпејд претплатниците на мобилни комуникациски услуги (тарифни модели што вклучуваат говорна услуга), сите постпејд претплатници на услуги на фиксна локација (кои користат услуга поединечно или во комбиниран пакет) и корисници на припејд мобилни комуникациски услуги, кои редовно ја ажурираат и ја користат апликацијата „Мојот А1“.

Претплатниците и корисниците на услугите на А1 Македонија во периодот од 01.12.2020 година до 30.12.2020 година, при првичното отворање на ажурираната верзија на апликацијата „Мојот А1“ ќе добијат изненадување, во вид на подарок што може да биде:

Подарок од продуктното портфолиото на А1 Македонија:

За мобилни постпејд и припејд претплатници:
  1. 10 GB национален интернет-сообраќај
  2. 15 GB национален интернет-сообраќај
  3. 20 GB национален интернет-сообраќај
За претплатници на услуга на фиксна локација, во зависност од технологијата:
  1. 50 GB интернет-сообраќај
  2. 50 интернационални минути
  3. 100 национални минути
  4. Speed boost - зголемена брзина за 30/5 Mbps
  5. HBO Lite пакет
  6. HBO пакет
  7. Pink Lite пакет
  8. Pink пакет

Подарок од хардверското портфолио на А1 Македонија:

  1. 21 x iPhone 12 64GB
  2. 21 x Lenovo Tablet M10
  3. 100 x Smart Band Mi Band 3

Правила за доделување, за доставување и за подигнување на подароците

  • Постпејд претплатниците на мобилни комуникациски услуги (тарифни модели што вклучуваат говорна услуга), сите постпејд претплатници на услуги на фиксна локација (кои користат услуга поединечно или во комбиниран пакет) и корисници на припејд мобилни комуникациски услуги, кои редовно ја ажурираат и ја користат апликацијата „Мојот А1“, учествуваат во новогодишното изненадување;
  • Претплатниците што имаат отворен долг или доцнат со плаќањето на сметките за користење услуги во А1 Македонија, ќе бидат вклучени во Новогодишната кампања по подмирувањето на долгот, односно по плаќањето на сметките;
  • Секој телефонски број (постпејд или припејд) во промотивниот период ќе добие од кој било тип подарок само еднаш;
  • Доколку подарокот е продуктен бенефит на претплатникот или на корисникот му се доделува веднаш со валидност од 30 дена доколку претплатникот е постпејд или 7 дена доколку корисникот е припејд;
  • Како добитник на хардверски подарок се подразбира претплатник кој е потписник на договорот (за постпејд услуги) или на корисник на припејд услуги чии податоци се системски регистрирани во А1 Македонија;
  • Подароците ќе се доделуваат по случаен избор, со помош на специјален софтвер;
  • Сите претплатници или корисници што ќе добијат хардверски подарок од А1 Македонија, ќе бидат контактирани со повик или преку СМС, а нивните имиња ќе бидат јавно објавени на веб-страницата на А1 Македонија - www.A1.mk, по достава на подарокот;
  • Доставата на хардверските подароци до претплатниците или до корисниците ќе се изврши на адресата на добитникот на подарок, преку овластена компанија што врши поштенски услуги за достава;
  • Предавањето на хардверските подароци се извршува исклучиво лично на претплатникот кој е потписник на договорот (за постпејд услуги) или на корисникот на припејд услуги, чии податоци се системски регистрирани кој добил хардверски подарок од А1 Македонија, со приложување документ за лична идентификација (лична карта или пасош). Во случај кога ќе се извлече бизнис-корисник (правно лице), подарокот ќе го преземе овластеното лице на правното лице со приложување документ за лична идентификација;
  • Доколку добитникот е малолетно лице, подигањето на хардверскиот подарок ќе се врши во присуство на родител или на овластен старател кој ќе биде регистриран како корисник на тој телефонски број и ќе биде потписник на сите потребни документи за подигање на подарокот;
  • Доколку од оправдани причини претплатникот или корисникот кој добил хардверски подарок не е во можност лично да изврши преземање на подарокот, тогаш подарокот може да го преземе друго ополномоштено лице, со нотарски заверено полномошно дадено од претплатникот или од корисникот;
  • При евентуална неуспешна достава на адресата што претплатникот или корисникот ја има дадено на А1 Македонија, контактираните и потврдени претплатници или корисници што добиле хардверски подарок, може да ги подигнат своите подароци од деловните простории на А1 Македонија во Скопје (плоштад „Пресвета Богородица“ бр.1, Скопје) во рок од 90 (деведесет) дена од датумот кога бил известен преку апликацијата „Мојот А1“ дека е добитник на хардверски подарок. Доколку во овој рок подарокот не се подигне од претплатникот или корисникот, тогаш претплатникот или корисникот го губи правото да го подигне доделениот подарок;
  • Подигнувањето на хардверскиот подарок се потврдува со потпишување Изјава од страна на претплатникот или корисникот;
  • Хардверскиот подарок не може да се замени за пари, друга опрема или услуги;
  • Префрлувањето на хардверскиот подарок на друг претплатник или корисник, не е дозволено;
  • Претплатникот или корисникот го губи правото да го добие хардверскиот подарок во случај ако:
    • се откаже од примањето на подарокот во писмена форма;
    • не е достапен за контакт во рок од 5 работни дена од моментот кога бил известен преку апликацијата „Мојот А1“ дека е добитник на хардверски подарок;
    • до денот на подигањето на подарокот, телефонски број (MSISDN) не е повеќе активен во мрежата на А1 Македонија, односно почната е постапка за негово пренесување (портирање) во мрежата на друг оператор, или е направена деактивација на услугите што ги користи во А1 Македонија;
    • во предвидениот рок за предавање на подарокот не ги достави потребните информации и документи неопходни за предавање на подарокот.
  • Вработените во А1 Македонија немаат право на учество во Новогодишната кампања „Отвори го своето изненадување“.

Добитници на подарок

Награда Име и Презиме Град
iPhone 12 Данијела Несторовска с. Јегуновце, Тетово
iPhone 12 Слободан Доцевски Куманово
iPhone 12 Фљакрон Саиди Тетово
Смарт бенд Џеладин Салоски с. Октиси, Струга
Смарт бенд Дејан Мицевски Бардовци, Скопје
Смарт бенд Тамара Петковска Куманово
Смарт бенд Александар Јаневски с. Езерени, Ресен
Смарт бенд Зоран Павлов Штип
Смарт бенд Сузана Никодинец Прилеп
Смарт бенд Ленче Павловска Скопје
Таблет Маријанчо Коцевски Битола
Таблет Азем Зендељи Скопје
Смарт бенд Јованка Спасовска с. Јегуновце, Тетово
Смарт бенд Елизабета Јанчева Гевгелија
Смарт бенд Весел Абази Кичево
Смарт бенд Илчо Павлов Струмица
Смарт бенд Сашка Ефтимова Кочани
Смарт бенд Дивна Насковска Гостивар
Смарт бенд Филип Стојчески Прилеп
Смарт бенд Тони Стојанов Кавадарци
Смарт бенд Марина Давковска Скопје
Смарт бенд Марјан Новина Скопје
Tаблет Сашка Ефтимова Кочани
Tаблет Сашо Цакалиќ Скопје
Смарт бенд Влатко Шулевски Охрид
Смарт бенд Никола Мицевски Битола
iPhone Ердуан Куртиши Куманово
Смарт бенд Николче Петрушевски Велес
Смарт бенд Иванчо Костадиновски Скопје
Смарт бенд Тони Јованов Радовиш
Смарт бенд Ѓорѓиевска Елеонора Скопје
iPhone Сашо Алексовски Скопје
Смарт бенд Силвија Костадиновска Штип
Смарт бенд Петра Спасовска Скопје
iPhone Благица Неделковска Скопје
Смарт бенд А.H.АРЃЕНТ ДОО;УВОЗ-ИЗВОЗ ГОСТИВАР Гостивар
Смарт бенд Димче Делиманчев Велес
Смарт бенд Ленче Лазова Штип
Смарт бенд Миле Силјановски Скопје
iPhone Игор Ристовски Кавадарци
Смарт бенд Јосиф Манасков Скопје
Смарт бенд Горазд Мишев Велес
Смарт бенд Наталија Поп-Кочова Скопје
Смарт бенд Фросина Стојанова Крива Паланка
Таблет Драганчо Крстевски Штип
Смарт бенд Александар Митревски Свети Николе
Смарт бенд Љупчо Димов Прилеп
Смарт бенд Еуроинстант ДООЕЛ Куманово
iPhone Ивана Краљевска Скопје
Смарт бенд Киро Насевски Прилеп
Смарт бенд Киро Настов Кавадарци
Смарт бенд Зоран Тодоровски Охрид
Смарт бенд Драгана Петковска Скопје
Смарт бенд Илчо Стојковски Битола
Смарт бенд Марина Ковачевска Скопје
Смарт бенд Илијас Нурус Скопје
Таблет Драгомир Додев Кратово
iPhone Синази Пупи Гостивар
iPhone Фати Зејнулаи Гостивар
Таблет Зоран Тасевски Охрид
Смарт бенд Кристина Талевска Битола
Смарт бенд Гордана Митовска Битола
Смарт бенд Зоран Шијаков Штип
Смарт бенд Зорица Пешовска Крива Паланка
iPhone Амела Зекировска Делчево
Таблет Горанчо Гудески Прилеп
Смарт бенд Сузана Петковска Куманово
Смарт бенд Даница Георгиевска Скопје
Смарт бенд Благоја Стојановски Скопје
Таблет Горан Гавраков Штип
Смарт бенд Ивана Андевска Куманово
Смарт бенд Горан Гуцов Кочани
Таблет Александар Јефтимов Струмица
Смарт бенд Ацо Николовски Скопје
Смарт бенд Александар Чурлиновски Битола
Смарт Бенд РУБИН СИЛВЕР ТП Дебар
Смарт Бенд Еуроинстант ДООЕЛ Куманово
Смарт Бенд Сашко Гонев Штип
Смарт Бенд Александар Митрулов Скопје
Смарт Бенд Славче Стефановски Скопје
Смарт Бенд Жан Стојков Свети Николе
Смарт Бенд Владимир Петков Скопје
Смарт Бенд Голул Јашаровска Битола
Смарт Бенд Раим Арифи Гостивар
Таблет Звонко Атанасов Радовиш
Смарт Бенд Веап Веали Гостивар
Таблет Зоран Тасевски Тетово
Смарт Бенд Веселка Димитрова Крива Паланка
Смарт Бенд Габриела Столиќ Струга
Смарт Бенд Са-Ек Дооел Охрид Охрид
Таблет Музеј Битола Битола
iPhone Сања Велкова Струмица
iPhone Кристијан Дојчиновски Прилеп
Смарт Бенд Општина Штип Штип
Смарт Бенд Арбнор Телќиу Дебар
Смарт Бенд Ивица Станојкоски Скопје
Смарт Бенд Жико Ѓорѓиевски Скопје
Таблет Димче Силјановски Тетово
iPhone Ален Цановски С. Октиши - Струга
Смарт Бенд Даниле Манов С. Звегор - Делчево
Таблет Демиралија Демиралески С. Лабуништа - Струга
iPhone СИНПЕКС ДОО Битола
Смарт Бенд Бериша Бурим Скопје
Смарт Бенд Сречко Милиќ Скопје
Смарт Бенд Билјана Србиновска Охрид
Смарт Бенд Деан Нешкоски Гостивар
Смарт Бенд Гоце Џамбазовски Демир Хисар
Смарт Бенд Живко Стефановски Битола
Смарт Бенд Борис Таневски Велес
Смарт Бенд Николина Ангеловска Скопје
Смарт Бенд БИГ БЛУ Охрид
iPhone Алриза Мухамед Кичево
Таблет Славе Краљевски Струга
Смарт Бенд Станко Атанасов Штип
Смарт Бенд Марина Топалоски Скопје
Смарт Бенд Дејан Стојанов Штип
Смарт Бенд Едрин Араподоски Штип
Смарт Бенд Бурим Кадрија Тетово
Смарт Бенд Ѓани Љутви Тетово
iPhone Игор Трајков Велес
iPhone Сами Туси с. Добовјани, Струга
iPhone Блага Секулова с. Прздево, Демир Капија
iPhone Валентина Додевска с. Ајватовци, Скопје
Таблет Сашо Петров Неготино
Таблет Никола Василев Скопје
Таблет Ѓорѓија Ристески Прилеп
Смартбенд Сашо Цакалиќ Скопје
Смартбенд Бакија Сулејмани с. Долнени, Прилеп
Смартбенд ФИЛБИС ДООЕЛ Скопје
Смартбенд Бурим Кадрија Тетово
Смартбенд Ѓани Љутви Тетово
Смартбенд Ратко Кајевиќ Скопје
Смартбенд ТАКОМ ГРУП ДООЕЛ Скопје
Смартбенд Дарко Лашкоски Прилеп
Смартбенд Ѓорѓи Ангеловски Делчево