Активирај Е-сметка
преку A1.mk, Мојот А1 или SMS и освој пакет со 2 смартфони!

Активирајте ја услугата Е-сметка
и имате можност да освоите
пакет со 2 смартфони

Moto
E6 Plus
Motorola
One Macro

Со услугата Е-сметка Вашите месечни сметки ќе ги добивате електронски на Вашата е-мејл адреса, брзо, безбедно и секогаш навреме, наместо во хартиена форма.

Со активирање на Е-сметка автоматски станувате учесник во извлекувањата во кои вкупно доделуваме 60 пакети со 2 смартфони.

Прво извлекување
05.05.2020
доделуваме
20 пакети
Второ извлекување
04.06.2020
доделуваме
20 пакети
Трето извлекување
03.07.2020
доделуваме
20 пакети

Во извлекувањата учествуваат сите корисници кои имаат активирана Е-сметка најдоцна до последниот ден од претходниот месец.

Правила за доделување подароци со активација на Е-сметка

Основни информации

Со иницијативата за активација на Е-сметка А1 Македонија ја промовира можноста за своите крајни корисници за користење на опцијата за добивање на месечните сметки по електронски пат (електронска сметка) и плаќање на месечните сметки по електронски пат (онлајн плаќање).

Во рамките на оваа иницијатива, А1 Македонија овозможува секој краен корисник кој ги исполнува условите наведени подолу, автоматски и без дополнителен надомест да биде вклучен во извлекување со можност да добие вреден подарок.

Услови за учество во извлекувањата на подароци
  1. Право за учество во извлекувањето имаат сите резидентни корисници (физички лица) на А1 Македонија со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците, како и сите бизнис корисници (правни лица) на А1 Македонија со дадена согласност за електронска сметка;
  2. Сите корисници на А1 Македонија кои го исполнуваат условот под точка 1) и дополнително извршиле и онлајн плаќање на електронската сметка преку интернет страната www.A1.mk или преку апликацијата Мојот А1, учествуваат уште по еднаш во листата за извлекување, односно имаат двојно поголема шанса за добивање на подарок;
Датуми на извлекувања на подароци

А1 Македонија во текот на месеците Мај, Јуни и Јули 2020 година, ќе организира три одвоени извлекувања при што по случаен избор ќе извлече по 20 (дваесет) свои корисници кои ги исполнуваат условите наведени погоре и ќе им додели вредни подароци, и тоа:

Извлекувања Број и тип на подароци Период за учество
I извлекување на 05.05.2020 20 (дваесет) Пакети Motorola One Macro + Moto E6 Plus 01.04.2020 - 30.04.2020
II извлекување на 04.06.2020 20 (дваесет) Пакети Motorola One Macro + Moto E6 Plus 01.05.2020 - 31.05.2020
III извлекување на 03.07.2020 20 (дваесет) Пакети Motorola One Macro + Moto E6 Plus 01.06.2020 - 30.06.2020
Правила за извлекување и подигање на подароците
  • Месечните извлекувања на добитниците на подароци се вршат по случаен избор, по електронски пат, со помош на специјален софтвер;
  • Извлекувањата ќе се одржат во деловните простории на А1 Македонија во Скопје и ќе бидат контролирани од посебна комисија составена од претставници на А1 Македонија;
  • Сите корисници кои ќе добијат подарок од А1 Македонија ќе бидат контактирани со повик или преку SMS, а нивните имиња ќе бидат јавно објавени на веб-страницата на А1 Македонија - www.A1.mk;
  • Доставата на подароците до извлечените корисници ќе се изврши на адресата на добитникот на подарок, преку овластена компанија која врши поштенски услуги за достава;
  • Предавањето на подароците се извршува исклучиво лично на корисникот кој добил подарок од А1 Македонија, со приложување на документ за лична идентификација (лична карта или пасош). Во случај кога ќе се извлече бизнис корисник (правно лице), подарокот ќе го преземе овластеното лице на правното лице со приложување на документ за лична идентификација.
  • Доколку од оправдани причини корисникот кој добил подарок, не е во можност лично да изврши преземање на подарокот, тогаш подарокот може да го преземе друго ополномоштено лице со нотарски заверено полномошно дадено од корисникот;
  • При евентуална неуспешна достава на адресата која корисникот ја има дадено на А1 Македонија, корисниците кои добиле подарок може да ги подигнат своите подароци од деловните простории на А1 Македонија во Скопје (Плоштад Пресвета Богородица бр.1, Скопје) во рок од 90 (деведесет) дена од датумот на извлекување. Доколку во овој рок подарокот не се подигне од страна на корисникот, тогаш корисникот го губи правото да го подигне доделениот подарок.

За повеќе информации јавете се во Контакт центар на број 077 1234.

Број на претплатник Име и Презиме Град
527418306 / 1 Зоранчо Богдановски Битола
527671858 / 1 Бранко Тиловски Берово
527302874 / 1 Елвида Агушева Штип
525963028 / 1 Горанчо Петрушовски Скопје
526174343 / 1 Јосипа Ризанкоска Прилеп
529041509 / 1 Емилија Петреска Струга
527422346 / 1 Дарко Василовски Македонска Каменица
524243796 / 1 Александар Станкоски Скопје
527822226 / 1 Марина Нешкоска Прилеп
531043040 / 1 Авни Исљами Тетово
529281725 / 1 Бенито Трајковски Демир Хисар
524088731 / 3 Бојан Коцевски Тетово
527738869 / 1 Фатима Шкријељ Скопје
527123946 / 1 Наташа Илиеска Прилеп
527240904 / 1 Александар Даниловски Скопје
526603503 / 1 Биљана Тодоровска Скопје
524355746 / 1 Нада Димова Неготино
526746390 / 1 Даниела Китановска Скопје
528635298 / 1 Љубиша Гроздановски Скопје
526627465 / 1 Ефтим Чавдаровски Скопје

Број на претплатник Име и Презиме Град
523906310 / 1 Радмила Бонеска Гевгелија
524131871 / 1 Виктор Јовановски Велес
524387120 / 1 Бобан Милевски Скопје
524670771 / 1 Елена Груевска Скопје
525953264 / 1 Иван Младеновски Крива Паланка
526031716 / 1 Биљана Цветковска Куманово
526784807 / 1 Анкица Плевнароска Охрид
527018288 / 1 Невенка Андонова Дојран
527688904 / 1 Мобил Експрес ДООЕЛ Прилеп
527718547 / 1 Даниела Талеска Прилеп
528266995 / 1 Кендим Бафтири Кичево
528652164 / 1 Сања Костова Ѓукиќ Скопје
528759877 / 1 Даниел Казиев Скопје
528924594 / 1 Славче Денчовски Крива Паланка
529269901 / 1 Ангеле Јанакиески Крушево
529538021 / 1 Славица Божиновска Тетово
530820549 / 1 Даниел Николовски Скопје
530875124 / 1 Давид Мицкоски Скопје
530971858 / 1 Туше Христов Струмица
531454241 / 1 Назифе Османова Штип

Активирај Е-сметка

Услугата Е-сметка можете да ја активирате на еден од следните начини:

  • преку веб-формата
  • преку мобилната апликација Мојот А1, во делот Сметки
  • со праќање SMS порака во која ќе ја наведете Вашата е-мејл адреса на бесплатниот број 140410
  • преку веб-страницата www.A1.mk, во секцијата Мојот А1

Сите корисници со активирана Е-сметка кои ќе направат и онлајн плаќање на сметките преку апликацијата Мојот А1 или преку веб-страницата на линкот www.A1.mk/plati-smetka, имаат двојно поголема можност за подарок.

Бизнис корисниците можат да активираат Е-сметка со давање согласност за електронска сметка на следниот начин.

Право за учество во извлекувањето имаат сите А1 резидентни корисници (физички лица) со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците, како и сите А1 бизнис корисници (правни лица) со дадена согласност за електронска сметка.

За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234.