22.03.2023

Пролетна промоција во А1 COMBO и подарок смарт-часовник

Пролетна промоција во А1 COMBO и подарок смарт-часовник

  • Супериорна оптичка мрежа
  • Неограничен 5G мобилен интернет
  • 3 месеци бесплатно осигурување за екран на телефон

Скопје, 21.3.2023 г. – А1 Македонија, добитник на Best Buy Award за најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот за мобилен интернет според мислењата, искуствата и изборот на потрошувачите во земјава, со задоволство ја најавува најновата пролетна промотивна понуда во атрактивното А1 Combo портфолио и уште еднаш ја потврдува својата заложба за постојани инвестиции во најсовремени технологии, со што корисниците добиваат можност да го поврзат својот дом со супериорна оптичка мрежа, да ги почувствуваат бенефитите од неограничен 5G мобилен интернет, да добијат подарок смарт-часовник и да изберат нов смарт-телевизор по супер цена.

Сите корисници што ќе склучат нов договор или ќе го обноват веќе постојниот договор со еден од тарифните модели во А1 Combo, освен стабилен и брз интернет на супериорната оптичка мрежа и супербрз 5G мобилен интернет, добиваат уникатна можност да добијат подарок смарт-часовник Amazfit – Bip 3 и да изберат од богатата понуда смарт-телевизори Samsung или Philips по најповолна цена.

Оваа атрактивна понуда А1 Македонија дополнително ја збогатува со воведување уште еден новитет во делот осигурување. Имено, со набавка на смарт-телефон корисникот добива бесплатно осигурување на екранот на телефонот за првите три месеци. По истекот на бесплатниот период корисникот може да го продолжи осигурувањето и тоа по исклучително атрактивна цена од само 49 денари месечно.

„Свесни за потребите од брза и стабилна комуникација што ги налага динамичното и модерно живеење, константно инвестираме во мрежните капацитети и одржување на најбрзата А1 мобилна мрежа и проширување на супериорната оптичка мрежа до секој дом. Оттука постојано го дополнуваме, го надградуваме портфолиото со комбинирани услуги и го приспособуваме според потребите и очекувањата на корисниците. Покрај неограничен интернет, атрактивни содржини и подароци, пролетната промоција ја заокружуваме со услугата за осигурување при евентуални оштетувања на екранот на телефон, со што ја потврдуваме нашата заложба А1 да биде местото каде што корисниците ги добиваат сите услуги што им се потребни за модерен и едноставен живот“, изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Со оваа промоција, А1 Македонија уште еднаш ја докажува својата посветеност кон креирање понуди што ги задоволуваат корисничките комуникациски потреби и овозможуваат непрекината и неограничена комуникација за целото семејство.

Назад

Слични содржини

Card image cap

А1 Македонија е првиот телеком на домашниот пазар што нуди Netflix, водечка светска стриминг-услуга

Како дел од стратегиското партнерство на Групацијата А1 Телеком Австрија со Netflix, А1 Македонија станува првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што ја нуди оваа водечка стриминг-услуга за своите корисници...

Дознај повеќе
Card image cap

„A1 Academy“ го отвора пријавувањето за модулот Бизнис-аналитика

А1 Македонија најавува нов повик за бесплатната Академија за дигитални вештини „A1 Academy“ и од денеска до 3.4.2024 г. ја отвора можноста за пријавување на модулот – Бизнис-аналитика...

Дознај повеќе