16.07.2020

Интервју со Product Marketing тимот на А1 Македонија

Оваа година ќе имаме малку поинакво лето, кое несомнено сите ќе го паметиме. Со невидена брзина се сменија навиките на луѓето, а со тоа и начинот на кој што се користат телекомуникациските услуги. Тимот на Маркетинг во А1 Македонија имаше голем предизвик да понуди производи и услуги ова лето кои ќе ги задоволат барањата на корисниците во новите услови на пандемија. На оваа тема разговараме со Елена Ајтарска - Експерт за маркетинг, Сања Донева Трајчева – Постар маркетинг специјалист за СОХО, Јане Плавевски – Експерт за маркетинг и Никола Димоски – Специјалист за маркетинг, членови на Product Marketing тимот на А1.

1. Вие сте “големите умови” кои стојат позади продуктното портфолио на А1, опишете како изгледа патот од идеа до финален производ или услуга на пазарот? Колку време трае тој процес? Кои се алатките кои ги користите за креирање понуди?

Елена: Зависи од типот на продукт или промоција и од условите на пазарот. Нашата компанија е насочена кон обезбедување на најнапредните телекомуникациски и дигитални решенија и нуди обемно портфолио на услуги. Секојдневно ги следиме трендовите во телекомуникациските услуги, како дома така и во странство, но што е најважно е дека секогаш ги слушаме и ги адаптираме понудите на потребите на нашите корисници. Минатата година имавме и работилница преку која корисниците директно беа инволвирани во креирањето на продуктите на А1, од кои некои веќе и се реализирани, како на пример Smart Home решението.

Јане: Должината на патот од идеа до реализација најмногу зависи од комплексноста на продуктот. Тоа најчесто вклучува инволвираност од повеќе оддели во компанијата кои треба да работат во синергија со цел да имаме квалитетен продукт кој ќе одговара на корисничките потреби. Секогаш, при креирање на понуда појдовна точка е корисникот и секојдневието кое го опкружува се со цел нашите продукти да имаат реална употребна вредност во нивниот секојдневен живот, 24/7.

2. Работите повеќе години во овој сегмент и можете да забележите дека бргу се менуваат навиките и потребите на корисниците. Во последните неколку месеци се случуваат и големи промени поради фактор кој ни малку не сме го очекувале. Како оваа пандемија влијаеше на начинот на креирање на понудата ова лето?

Елена: Дури и пред да се случи целта ситуација со COVID- 19 можеме да кажеме дека корисничките потреби се менуваат константно, но овој период можевме да забележиме дека се со забрзано темпо. Корисничкото однесување и потреби се каузални со општествените и технолошките промени од каде всушност и произлегуваат. Повеќе не е доволно единствено да нудиме голем број на минути, мобилен интернет или канали во нашите понуди, туку исклучително е важен начинот на интеракцијата на корисниците со нашите производи и услуги, особено преку дигиталните канали. Во време на пандемијата овие потреби се поизразени. Сметам дека А1 Македонија одлично се справи во оваа ситуација и на своите корисници им понуди услуги со одличен квалитет преку кои корисниците останаа поврзани дури и во време на излозација.

Никола: Како и секој друг тим во нашата компанија така и нашиот имаше свои предизвици во главните работни задачи. Фактот дека во овој период не можеше да се изведуваат значајни истражувања на пазарот, а имаше потреба и за брза реакција за да останеме конкурентни на пазарот секако ја отежна работата. Но, големото искуство кое го имаме во тимот, како и поддршката и информациите кои ги добиваме од страна на колегите од Продажба и Грижа на корисници, ни помогнаа да креираме квалитетни и пред се релевантни понуди за ова “малку поинакво лето”.

3. Што е она што најмногу се промени во корисничките навики во овој период? Каде забележавте раст, а каде пад на активности и кој беше одговорот на А1 во продуктната понуда?

Јане: Нашиот тим во својата секојдневна работа ја користи Агилната методологија која особено во овој период се покажа од исклучителна важност. И покрај тоа што работиме од дома, преку Design Thinking методата се обидовме да го предвидиме корисничкото однесување за ова лето, додека преку Lean методата ги тестиравме или сеуште ги тестираме понудите кои беа лансирани. Она што можеме и претходно да го забележиме е дека има значително зголемување на користењето на национален мобилен интернет, раст на онлајн продажбата, зголемен број на трансакции преку апликацијата Мојот А1, зголемување на активациите на електронските сметки но и значаен пад во користењето на роаминг услугите.

Никола: За очекување е ова лето корисниците повеќе да патуваат во рамки на нашата држава, а меѓународните патувања ќе бидат намалени. Понатаму, корисници од различни возрасни групи стекнуваат доверба во дигиталните канали но во исто време и растат очекувањата од нив. Образованието, работата и забавата се префрлуваат онлајн со забрзан чекор. Дополнително, безбедноста, заштитата и финансиската сигурност играат многу поголема улога во животот на корисниците.

Сања: Со оглед на тоа што најголем дел од корисниците летниот одмор ќе го поминат во нашата држава лансиравме пакети со зголемен волумен на мобилен интернет како би можеле константно да останат поврзани и да ги споделуваат своите авантури. Исто така, овозможивме зголемен буџет во А1 Combo со цел да ја олесниме можноста да се набави посакуваниот уред, а воведовме и попуст на месечната претплата во тарифата за деца А1 MyKi за корисниците да можат да останат во контакт со своето дете но и во секое време да знаат каде се наоѓа.

Елена: Поради фактот дека образованието, работата и забавата се префрлуваат онлајн лансиравме нова тарифа за мобилен интернет- A1 Mobile Net, која содржи доволно мобилен интернет и бесплатен таблет преку кој корисниците можат да учат, да го водат својот бизнис или пак да следат забавни содржини.

4. Од страна на бизнис корисниците, какви беа промените тука? Како се променија потребите и кој беше одговорот на А1 со актуелната понуда?

Сања: Новата форма на реалност е составена од сложеност, неизвесност но и нови можности, како за приватните, така и за деловните корисници. Начинот на функционирање во изминатиов период значително се промени, а со тоа и начинот на работење: работата од дома стана секојдневие, се зголеми потребата од купување преку Интернет, употреба на услуги за испорака, итн. Потребата од брза реакција за да се остварат очекувањата на корисниците е неизбежна во овој период.

А1 Македонија во овој период понуди нови придобивки за поддршка на деловните корисници преку обезбедување на зголемен национален интернет сообраќај во тарифните модели A1 Neo M и A1 Neo L, за сите нови и постоечки деловни корисници кои ќе направат обнова на својот договор.

Сега кога е потреба да бидеме дома нудиме комплетно решение за работа надвор од канцеларијата со релевантни ИКТ услуги- Microsoft 365 во првите 3 месеци бесплатно.

Office 365 и Microsoft 365 се софтверски решенија кои што ги вклучуваат познатите Office апликации, како што се Word, Excel, PowerPoint, и Outlook, заедно со дополнителни онлајн бизнис услуги, кои што им овозможуваат на корисниците да имаат пристап до сите канцелариски алатки за водење на секој бизнис, работејќи од дома ефикасно и продуктивно. Дополнително, со новата понуда корисниците на конвергентни услуги може да искористат - попуст за нов уред и да изберат квалитетен лаптоп или друга опрема.

5. Што мислите, дали “новото нормално” ќе трае подолго или е само фаза? Дали навиките на корисниците се менуваат долгорочно? Каде ќе се движи понудата на А1 во иднина?

Јане: Самата ситуација дефинитивно ќе остави трага во корисничкото однесување, а со моменталните случувањата веруваме дека "новото нормално" ќе постане секојдневие на кое сите ние ќе треба да се адаптираме.

Во иднина треба фокусирано да ги следиме случувањата како и корисничкото однесување и согласно тоа да продолжиме со развој на дигитални услуги и сервиси што ќе донесат бенефит за самите корисници. Со оглед на тоа што се зголемува доверба во онлајн купувањето и дигиталните услуги, треба да обрнеме и значително внимание не само на услугите кои ги нудиме туку и искуството кое го овозможуваме преку нив.

Назад

Слични содржини

Card image cap

М-р Маријана Димоска

akcija.com.mk е онлајн продавница која нуди широка палета од преку 20.000 производи за домаќинство, декор и мебел, по принципот “склопи сам“...

Дознај повеќе
Card image cap

Тијана Станојевска Ристовска

Генерален директор

Дознај повеќе