25.06.2020

Интервју со Филип Поповски, Тим лидер во одделот за бизнис администрација и поддршка

Од идеја до реализација - Дигитална, автоматизирана администрација преку неколку чекори во excel

До пред извесно време работата во одделот бизнис администрација беше мануелна и бараше преголем ангажман и концентрација како би се задоволиле корисничките барања како што се добивање на брза, точна и навремена услуга, а воедно и најдобар избор на пазарот на телекомуникации. Со автоматизација на процесите преку неколку чекори во excel т.е. со масовна администрација, се забрза процесот на активација на сервисите, ги исполнуваме корисничките барања во целост и одговараме на истите во најкус можен рок, ја оправдуваме нивната доверба, а истовремено ги следиме современите светски трендови и со помош на дигиталните алатки и автоматизација на процесите се зголеми продуктивноста во одделот за бизнис администрација и поддршка.

За деталите од овој проект и придобивките од истиот разговаравме со Филип Поповски, Тим лидер во одделот за бизнис администрација и поддршка.

Што работиш, што те мотивира и како го поминуваш слободното време?

Во А1 Македонија работам 11 години, а започнав како агент во контакт центарот. Со огромен труд и максимален ангажман постепено напредував. Веќе неколку години успешно ја извршувам позицијата на тим лидер во одделот за бизнис администрација и поддршка. Себеси се сметам за енергична личност. Денот ми започнува со утринско кафе, разговор со вработените кои ме полнат со позитивна енергија и делегирање на обврските за тековниот ден. Моето мото е: тимскиот дух и хемијата внатре во тимот се клуч за успехот. Работата што ја работам ме исполнува, постојано учам, се надградувам, ги следам новите трендови и сето тоа гледам да го применам во работата.

Мотив повеќе ми претставува квалитетно завршена работа, позитивна, ведра, енергична атмосфера и насмеани луѓе кои ме опкружуваат. Слободното време сакам да го поминам што покорисно, опкружен со мојата фамилија и моите пријатели. Често спортувам, сакам да планинарам и да патувам, а моја пасија е скијањето.

Како дојде до идеја за масовна администрација?

Идејата ми дојде од секојдневната работа, од целокупното опкружување како светот чекори напред, од начинот како да го забрзаме целиот процес на администрација се со цел да го подобриме квалитетот, перформансот и ефикасноста при работа, што се бара од нас. Добиваме и повеќе во време, на што сум особено горд, а тоа за мене е многу значајно затоа што можам повеќе да се фокусирам и да менторирирам со мојот тим.

Живееме во дигитална ера каде сите процеси полека од мануелна, рачна работа преминуваат кон автоматизација. Оваа прилика ја користам да им се заблагодарам на моите претпоставени кои ми дадоа безрезервна поддршка и дополнително ме охрабрија за да успеам, на сите што беа со мене и веруваа дека овој проект ќе биде успешен.

Што значи масовната администрација за компанијата и одделот во кој што работиш?

Во денешно време кога борбата на пазарот е немилосрдна, а мора по нешто да бидеме препознатливи, користењето на масовната администрација доаѓа во вистински час. Го забрзуваме процесот на активација на сервисите, што генерира премиум корисничко искуство, што е еден од трите главни ветувања на А1 брендот. Се стремиме и директно влијаеме во подигнување на NPS (Net Promoter Score) анкетите, преку брзата, точна и навремена администрација. Гледаме напред и продолжуваме да работиме на поедноставување на процесите што е еден од нашите предизвици.

Како се одвиваше проектот од почеток до крај?

Целиот процес беше макотрпен и се одвиваше во неколку фази. Цврсто верував и бев максимално ангажиран за проектот да биде успешен, а исто така морав да одговорам и на моите секојдневни обврски, се со цел тековната работа да не “трпи”. Направив анализа на се што ми е потребно како информација и ресурси. Мигрирав повеќе од 4000 претплатнички договори кои што беа на VPN тарифни модели, односно на VPN платформа и ги префрлив на non-VPN, процес кој бараше огромна концентрација, а сето тоа за да биде администрацијата поедноставна и за да може да се користи алатката за масовна администрација. Во иднина планираме само да ја надградуваме алатката, како придобивките би биле уште поголеми за нашите корисници (една фактура за сите услуги, единствено корисничко име и лозинка за апликацијата мојот А1, HW на рати, осигурување и уште многу други поволности).

Исто така миграцијата ќе има големо влијание во идната заштеда на компанијата (преку плаќање лиценца за VPN платформа). Со завршувањето на миграцијата направивме и нова тарифа, а потоа следуваше и завршната фаза, во која заедно со колегите од ИТ секторот успеавме на наједноставен начин да го поврземе billing системот со excel табела, во која мануелната работа ја автоматизиравме и времето на администрација драстично го намаливме.

Што би ги советувал колегите?

Ги охрабрувам колегите да даваат идеи, бидејки нема лоши идеи и да не се плашат дека ќе згрешат. Добрата идеја и квалитетно завршената работа водат кон иновативен производ. Секоја патека на успехот започнува со добра идеја!

Назад

Слични содржини

Card image cap

Интервју со Јасмина Бујароска Митева, Tим лидер на тим за квалитет на услуги и Маја Јаневска, Постар специјалист за дигитална трансформација

Автоматизацијата има за цел да ги направи процесите поекономични, транспарентни и отпорни на грешки, а на организациите да им заштеди време и да обезбеди спроведување на најдобри практики за подобрување на целокупната оперативна ефикасност.

Дознај повеќе
Card image cap

Интервју со Маја Анчевска, Специјалист за човечки ресурси

А1 Македонија нуди развој и можност младите да направат скок од практикант до вработен

Дознај повеќе